Екосистем за иновативни решенија за адаптација кон климатските промени

Екосистем за иновативни решенија за адаптација кон климатските промени

Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика, ИЕГЕ – Скопје е дел од конзорциумот на Проектот ARSINOE, кој доби грант од €15M од Програмата на Европската Комисија, Хоризонт 2020, во рамките на повикот Green Deal Call: Building a low-carbon, climate resilient future: Research and innovation in support of the European Green Deal (H2020-LC-GD-2020), во категоријата Innovation Action.

Проектот има за цел да изгради екосистем за иновативни решенија за адаптација кон климатските промени.

Мисијата на проектот ARSINOE е да овозможи фундаментална трансформација на економските, социјалните и финансиските системи, зајакнувајќи ја нивната климатската отпорност и адаптивност, преку системски и иновативен пристап. Проектот ќе ги поддржи општествената и научната заедница во ефикасно оценување на еколошките и економските ефекти од климатските промени и разбирање на влијанието на можните интервенции, со имплементација на напредни методологии, аналитички и комуникациски алатки, користејќи интерактивна платформа која ќе им овозможи на засегнатите страни соработка во изнаоѓање решенија за мулти-секторска климатска адаптивност.

Проектот, координиран од Универзитетот во Тесалија, обединува 41 партнер од 15 земји и ќе има важна улога во обликување на патот до отпорноста преку испорака на регионални иновативни пакети и развојни екосистеми за имплементација на иновативни мерки и решенија за адаптација кон климатските промени низ Европа.

Со оглед дека климатските промени се сложени и силно поврзани со други глобални предизвици, како што се безбедноста на храната, недостатокот на вода, намалувањето на биодиверзитетот и деградацијата на животната средина, недоволно е да се користат традиционални пристапи кон иновации кои се фокусираат на еден аспект на проблемот.

Системски иновативен пристап (SIA) се однесува на развојната сложеност, меѓузависноста и меѓусебната поврзаност на современите општества и економии, опфаќајќи ги функциите на меѓу-секторскиот систем во целина и соодветната разновидност на засегнати страни. Прозорецот за климатски иновации (CIW) што ќе се примени во Проектот претставува маркет на иновации на Европската унија за технологии за адаптација кон климатските промени.

Во оваа насока, проектот ARSINOE, почнувајќи од 1 октомври 2021 година и во следните четири години ќе развие методолошка рамка за комбинација на SIA со CIW за создавање екосистем под тристепен пристап: (а) интеграција на повеќе технолошки, дигитални, деловни, управувачки и еколошки аспекти со социјални иновации за развој на патишта за адаптација кон климатските промени, за да се исполнат целите на EU Green Deal за одредени региони; (б) поврзување со CIW за формирање пакети за иновации со усогласување на иноваторите со крајните корисници/региони; (в) поттикнување на одржливоста и растот на екосистемот со вкрстено оплодување и репликација во размери, на европско ниво и пошироко, со користење на соодветни бизнис модели и акции за експлоатација.

Девет широко разновидни региони низ Европа ќе го покажат тристепениот пристап ARSINOE како доказ за концептот во однос на неговата применливост, повторливост, потенцијал и ефикасност. Тоа се: метрополитенска област Атина (GR), медитерански пристаништа, вклучително и пристаништето Пиреја (GR), Лимасол (CY) и Валенсија (ES), Главната река во Германија (DE),  прекугранични регион на Охридско и Преспанско Езеро (МК, АЛ, GR), Канарски Острови (ИС), прекуграничен регион на Црно Море, вклучувајќи ги Романија, Бугарија и Турција (РО, БГ и ТР), Јужна Данска (ДК) , округот Торбеј и Девон (Велика Британија) и медитеранскиот остров Сардинија (ИТ).

empty-author

Поврзана содржина