(ЕКСКЛУЗИВНО) Се чувствувам живо, среќно, мирно, јако, како на мисија – Ана Бартхолд, кошаркарската икона на Шведска (EXCLUSIVE INTERVIEW) I feel alive, happy, at peace, strong, like I am on a mission – Anna Barthold, the icon of the Swedish basketball

(ЕКСКЛУЗИВНО) Се чувствувам живо, среќно, мирно, јако, како на мисија – Ана Бартхолд, кошаркарската икона на Шведска (EXCLUSIVE INTERVIEW) I feel alive, happy, at peace, strong, like I am on a mission – Anna Barthold, the icon of the Swedish basketball

1. Која е Вашата претстава за совршена среќа?

1. What is your definition for perfect happiness?

Кога се чувствувам исполнето, радосно и кога чувствувам душевен мир.

When you feel joy, peace and feel complete.

2. Кој е Вашиот најголем страв?

2. What is your biggest fear?

Војна и политичка рамнодушност.

War and ignorance from politicians.

3. На кого најмногу му се воодушевувате?

3. Who do you admire the most?

На мајка ми!

My mom!

4. Која Ваша карактерна особина не ја поднесувате кај себе?

4. Which characteristics you dislike about yourself ?

Премногу сум амбициозна. Ова е всушност најчесто позитивна особина, меѓутоа многу често е причина за многу размислување и анализирање на одредени ситуации, што одзема премногу време.

The fact that I’m over ambitious. This is actually something positive most of the time but it also makes me overthink and over-analyze things and situations, which is very time consuming.

5. Кое е Вашето омилено патување?

5. What was your favorite trip?

Не би можела да издвојам едно патување. Обожавам да патувам, и сите дестинации оставиле печат во моето срце.

I can’t pick just one trip. I love traveling and many trips have left a mark in my heart, so all these trips are “my favorite trip”.

6. Во кои прилики лажете?

6. In which situations do you lie?

Кога не сакам да повредам некого.

When I don’t wanna hurt someone. However, I honestly try not to lie because this usually ends up hurting that someone even more.

7. Кои зборови и реченици најчесто ги користите?

7. Which words or phrases do you use the most?

„Фала“, „Да“ и „Прати го своето срце и своите соништа“.

“Thank you”, “Yes” and “Follow your dreams and your heart”.

8. Што не Ви се допаѓа во Вашиот физички изглед?

8.  What don’t you like about your physical appearance?

Моите стопала.

My feet.

 

9. За што најмногу сте се покајале во животот?

9. What is your biggest regret in life?

За тоа што не бев искрена со мојата мајка за нешто многу важно.

Lying to my mom about something important.

10. Кој-а е љубовта на Вашиот живот?

10. Who is the love of your life?

Личноста која највеќе ја има допрено мојата душа.

The person who have touched my soul the most.

11. Кога и каде сте биле најсреќни?

11. When and where were you the happiest?

Најсреќна сум кога чувствувам мир и спокој, без оглед на тоа каде се наоѓам. Среќата е состојба на умот. Сепак, како професионален кошаркар толку години, можам да ве уверам дека среќата понекогаш може да експлодира во момент на еуфорија откако ќе се постигне целта или сонот.

I am always my happiest when I feel at peace and aligned, no matter where I am. Happiness is a state of mind. However, being a professional basketball player for so many years, I can assure that happiness can sometimes explode in a moment of euphoria once a goal or a dream is reached.

12. Кој талент би сакале да го поседувате?

12. Which talent you wish you possessed?

Да пеам додека свирам гитара.

Sing good while playing the guitar.

13. Како се чувствувате моментално?

13. How do you feel at this moment?

Живо, среќно, мирно, јако, на мисија.

Alive, happy, at peace, strong, on a mission.

14. Што сметате за Ваш најголем успех?

14. What do you consider as your biggest success?

Тоа што останав верна на себеси за да го постигнам онашто го сакам и треба за да се развивам во овој живот.

Staying true to myself in order to achieve what I want and need to evolve in this life.

15. Ако после смртта би се вратиле на овој свет, што би биле?

15. If after death, you came back to this world what would you be?

Пеперутка.

A butterfly.

16. Што претставува за вас разочарувањето?

16. What does disappointment mean to you?

Kога очекувањата и желбата не одговараат на реалноста.

When the expectation and desire don’t match the reality.

17. Кој е Вашиот идол (пример) во животот?

17. Who is your life role model?

Мојата мајка.

My mom.

18. Кој е Вашиот омилен сликар, а кој писател?

18. Who is your favorite painter and writer?

Пауло Коељо и Бејн Дајер. Омилен сликар немам, бидејќи убавина постои во секое ликовно дело.

Paulo Coelho and Wayne Dyer. I don’t really have a favorite painter since I find beauty in many different art pieces.

19. Каде би сакале да живеете?

19. Where would you like to live?

Таму каде што ќе бидам среќна и ќе чувствувам внатрешен мир.

Where I feel happy and find inner-peace.

20. Што најмногу мразите?

20. What do you hate the most?

Непочитување и рамнодушност.

Disrespect and ignorance.

21. Која човечка особина ве иритира?

21. What human characteristic irritates you?

Рамнодушност, непочитување и кога некој е недоволно упатен а се прави како да знае сè.

Ignorance, disrespect, lack of knowledge while acting like knowing everything.

22. Кое е Вашето Мото?

22. What is your motto?

Сè е можно, осмелете се да ги следите вашите соништа.

Everything is possible, dare to follow your dreams.

23. Кои квалитети ги вреднувате кај мажите?

23. What qualities you value about men?

Искреност, почит, лојалност, љубезност.

Honesty, respect, loyalty, kindness.

24. Кои квалитети ги вреднувате кај жените?

24. What qualities you value about women?

Искреност, почит, лојалност, љубезност.

Honesty, respect, loyalty, kindness.

25. Што е за вас вистински пријател?

25. What does a true friend mean to you?

Некој на кој што можам да му верувам. Некој со којшто можам да споделам работи без да бидам осудувана. Личноста која ги сака моите предности и слаби страни. И некој што може да ме насмее во тешките моменти.

Someone you can trust. Someone you can tell things without being judged, because no matter what they love you and you love them. Someone that knows your strengths and weaknesses. Someone that can make you smile in a tough situation.

дипл. спец. Оливера Антиќ

Главен уредник на VipHeart.mk