Здрави ужини за тинејџери – Соња Пановска

Здрави ужини за тинејџери – Соња Пановска

На тинејџерите им требаат конзистентни оброци и ужини со хранливи материи.

Во период на интензивен развој, на тинејџерите им е потребно оптимално внесување на макроелементи (маснотии, протеини и јаглехидрати) и микроелементи (витамини и минерали), а правилната исхрана може да им помогне на тинејџерите да постигнат одлични резултати во учењето и спортските активности.
Сепак, многу популарни ужини се богати со рафинирани житарки, додадени шеќери и други состојки што треба да бидат ограничени во исхраната на тинејџерите .

Затоа обидете се да му создадете здрави навики на вашето дете, за здрави ужини и одвојте време да ги подготвувате дома заедно.

Предлог здрави ужини:

1. Тортиља од чиа со путер од какао, лешник или кикирики со парчиња јаболко и орев

2. Смути од чиа семе, боровница, јогурт, ореви

Овие состојки се одличен извор на витамини, минерали и антиоксиданти што им се потребни на тинејџерите за оптимално здравје.

3. Намаз од хумус 

Хумусот е направен од наут, кој е полн со растителни влакна, магнезиум, фолати, манган, здрави масти и витамини.

4. Моцарела салата со шери домати и босилок

5. Мафини со зеленчук, сирење и јајца

Солените мафини со јајца се паметен избор за ужина. Чувајте ги овие мафини спакувани во фрижидер или замрзнувач за да може вашето дете да ги загрее по потреба. Некои истражувања покажуваат дека потребите за протеини кои ги тинејџерите се 20 – 60% поголеми од возрасните поради зголемената побарувачка на протеини во текот на нивното растење и развој.

6. Јајца

Јајцата се одличен извор на протеини, како и здрави масти и витамини, минерали и антиоксиданти. Јајцата се вкусен начин за зајакнување на внесувањето на протеини кај вашиот тинејџер.

7. Гранола барови

Направете домашни гранола барови од житарки, мед, овошје, сецкани бадеми и фстаци.

Соња Пановска

Нутриционист, М-р по Јавно Здравство