Зошто Covid – 19 влијае на нашата исхрана? – Соња Пановска

Зошто Covid – 19 влијае на нашата исхрана? – Соња Пановска

Пандемијата со Covid – 19 ни носи низа неочекувани моменти, оддалечување од најблиските, многу жртви, загуба на блиски, пореметување во психичкиот развој како и пореметување во исхраната. Исхраната кај многумина изобилува со шеќери. За време на стресни периоди, посегнувањето по благо е единствена утеха. Шеќерот влијае на невротрансмитерите во мозокот.

Центрите за контрола и превенција на болести ширум светот, известуваат дека луѓето со основни здравствени состојби, вклучително и метаболичкиот синдром, се изложени на зголемен ризик од компликации од КОВИД-19.

Според студијата на Државниот универзитет Бол, 31 процент од 838 испитаници откриле дека пандемијата го зголемува стресот, што влијае на нивното однесување во исхраната и го намалува квалитетот на нивната исхрана.

Шеќерот во крвта (гликоза) доаѓа од храната што ја консумираме и е главниот извор на енергија во организмот. Најверојатно кога ќе посегнеме по благо, ќе добиеме енергија, но тоа ќе го зголеми нашиот шеќер во крвта и потоа нагло ќе падне, оставајќи да се чувствуваме уморни или исцрпени. Во овој момент, нашиот адреналин започнува да пумпа за да ја зголеми нашата енергија.

Шеќерот може да влијае и на емоциите, како што е осаменоста за време на социјалното дистанцирање. Пандемијата го смени нашиот однос со храната затоа што сме ограничени во дружењето со другите луѓе. Со шеќерот се чувствуваме утешно, нели?

Начини да се намали шеќерот:

1. Не пазарете рафинирани шеќери, во маркет одберете ги вашите омилени овошја

2. Додека работите, не посегнувајте по благо, земете, микс од бадеми, ореви, суво грозје, брусница, урми

3. Планирајте ги оброците за утрешниот ден
Нека оброците ви бидат испланирани и доколку направите дома здрав појадок од жита, пробиотски јогурт, овошје или смути, желбата за нездрави намирници ќе ви се намали.

4. Внесувајте протеини на секои 3 до 4 часа
Јадењето протеини може да го одржи стабилниот шеќер во крвта и да ве направи помалку гладни за благо, со тоа ќе имате повеќе енергија. Обидете се да јадете повеќе сирење, јаткасти плодови, малку месо. Комбинирајте ги со зеленчукова салата.

5. Избегнувајте шеќер пред спиење
Јадењето закуски полни со јаглени хидрати или наполнети со шеќер пред да заспиете ќе ви предизвика нагло зголемување и паѓање на шеќерот во крвта, а потоа ќе започне да се лачи адреналинот кој во 2:00 часот наутро ќе ве натера да сте будни и да сте гладни.

6. Почнете да се дружите
Иако пандемијата не ни дозволува дружење со луѓе, јавете се на телефон на ваша пријателка или вашиот пријател, бидете он лајн активни, медитирајте, пешачете, возете велосипед или излезете на прошетка со вашата пријателка или пријател која има прележано вирус или има примено вакцина, така ќе ви се исполни духовната празнина и ќе ви се исполни срцето.

Соња Пановска

Нутриционист, М-р по Јавно Здравство