Иновативна програма на обуки и верификација на вештините за одржлива енергија во градежниот сектор – ARISE

Иновативна програма на обуки и верификација на вештините за одржлива енергија во градежниот сектор – ARISE

Проектот “Иновативна програма на обуки и верификација на вештините за одржлива енергија во градежниот сектор – ARISE” доби грант од €1.12M од престижниот фонд Хоризонт 2020, работна програма – градење на одржлива, климатски отпорна иднина: сигурна, чиста и ефикасна енергија, во рамките на повикот: зголемување на пазарната побарувачка на вештини за одржлива енергија во градежниот сектор.

Мисијата на ARISE е да ја поддржи двојната транзиција на градежниот сектор со обучување на сите професионални профили во секторот на дигитални и вештини на одржлива енергија потребни во идната транзиција, напоредно со препораки за главните двигатели на пазарот за препознавање на вештините и експлоатација на придобивките од нивна имплементација.

Во својот иновативен пристап ARISE ќе примени системски поврзано решение на:
1) Начинот на обучување,
2) Трансакција и признавање на индивидуалните профили на учење,
3) Матрица на зрелост на вештините, нови квалификации и работни места,
4) Наставна содржина базирана на професионалната експертиза,
5) Влијанието на вештините на енергетската перформанса на зградите,
6) Нови пазарни модели на побарувачка на вештини,
7) Стимулација на инвестициите во згради со висока енергетска ефикасност.

Во демонстрационите фази на Проектот ќе бидат ангажирани преку 1000 учесници од цела Европа, кои на тој начин ќе ги унапредат своите вештини и компетенции. Со тоа ќе се индуцираат ефекти на енергетски заштеди од преку 4.5 милиони kWh/годишно, учество на енергија од обновливи извори од преку 2.25 милиони kWh/ годишно, редукција на емисиите на стакленички гасови од преку 3.5 t/yгодишно и иницирање на инвестиции во енергерски ефикасни згради од 1.3 милиони EUR/годишно.

Системот на обуки и трансакции на квалификациите што ќе го равие Проектот ќе им доделува на учесниците крипто валута со вредност соодветна на постигнатото ниво на компетенции – CERTcoin. Добиените кредити ќе се депонираат во индивидуалните профили (Individual Learning Account) и ќе можат да се користат во валидни сертификати.

Процесот на обучување со тоа ќе стане попристапен, временски поефикасен и подеднакво атрактивен за сите профсионални профили на припадниците на градежниот сектор, како во делот на испорака, така и во делот на побарувачка на услугите и производите.

Проектот ќе почне во септември 2021, а ќе заврши во декември 2023. Во текот на 28 месеци, партнерите ќе работат на развивање и демонстрирање на иновативна програма на обуки за дигитализација во поддршка на вештините на одржлива енергија во градежништвото, намененети за сите учесници во градежните процеси.

Партнери во конзорциумот се: Belfast Metropolitan College, Северна Ирска; Technological University Dublin, Ирска; Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика, ИЕГЕ, Република Северна Македонија; ISSO, Холандија; Conseil des Architectes D Europe, Белгија; IBIMI Institute for BIM, Италија; Building Changes, B.V., Холандија; Copenhagen School of Design and Technology, Данска и Instituto Superior Technico, Португалија.

Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ учествува во сите работни пакети, а го води работниот пакет на подготовки за пазарна имплементација, во чии што рамки ќе бидат изработени: алгоритмот на трансакциите на добиените вештини и квалификации, во рамките на европски признаен систем на квалификации, насоки за приватните и јавните инвеститори за примена на стимулативни мерки за признавање на вештините во градежните процеси, како и препораки за политика на имлементација на пан-европски пристап кон признавањето не вештините за одржлива енергија.

empty-author