Како до одржливо управување со отпад на локално ниво
Одржливото управување со отпадот е од клучно значење не само за да се создаде просперитетна природна средина која придонесува за здравјето на луѓето и животните, туку и да се ослободи вредното земјиште од депониите, да се подобри производството на енергија, да се отворат работни места и да се намалат трошоците за транспорт и логистика.
Според истражувањата направени во земјите во развој, утврден е недостаток на доволно образовни програми за одржливо управувањето со отпад (УО), интегрирани и понудени на општините и јавните претпријатија со што ќе им се овозможи на вработените од општините да се стекнат со потребните компетенции и можности да ја зголемат нивната продуктивност и моќ при дејствување во нивната локална заедница.
Препознавајќи го овој недостаток Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика, ИЕГЕ – соработувајќи со партнери од европски земји со богато искуство и знаења, активно работат на развојот на Проектот „ENCOURAGE – Развој на курсеви за одржливо управување со отпад за општините“. Истиот ќе овозможи градење на релевантни, висококвалитетни вештини и компетенции преку развој и имплементација на курсеви за одржливо управување со отпад за општините. Проектот е дел од Erasmus+ програмата, со фокус на стручно образование со времетраење од 24 месеци.
Проектот ENCOURAGE е концептиран со цел да донесе позитивни промени во досегашниот пристап, да ја зголеми свеста и прифаќањето на одржливи практики во управувањето со отпад, истовремено служејќи како влијателен пример за охрабрување на другите членови на заедницата да го следат овој подобрен пристап.
Еден од најважните приоритети на овој проект е едукација на вработените во општината за како правилно и одржливо да управуваат со отпадот што се создава во рамките на истата. Стекнатите знаења и вештини ќе ги охрабрат да обезбедат континуирано одржливо управување со отпадот. Исто така, проектот има за цел да обезбеди поддршка за студенти, претприемачи и иноватори посветени на развивање иновативни решенија за општествените предизвици.
Курсевите ќе опфатат повеќе теми кои ќе овозможат: имплементација на законот за УО, организација и реализација на обврските на општините, воспоставување одржлив систем за УО, систем за намалување на количествата на отпад и воопшто правилно управување со отпадот. Имплементација на стекнатите вештини и знаења во соодветното управување со отпадот ќе придонесе за намалување на емисии на стакленички гасови, позитивното влијание врз климатските емисии и намалување на загадувањето на воздухот, водата и почвата, кои директно поврзани со управувањето со отпад.
Вештините во областа на одржливото управување со отпад ќе се подобрaт со пренесување на знаења од долгогодишното искуство на партнерите од развиените земји овозможувајќи им пристап на учесниците до информации и развој на своите деловни знаења и вештини. Mеѓународниот конзорциум e составен од реномирани организации од Кипар, Грција, С. Македонија, Полска и Словенија кои имаат долгогодишно искуство во едукација:
- Contentplus, Полска
- Институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ, Скопје
- Научно-истражувачки центар Бистра Птуј, Словенија
- Здружение за иновации и образование, Полска
- Развој на креативно размислување, Грција
- Editc Limited, Кипар
За дополнителни информации и детали во врска со проектот “ENCOURAGE”, може да најдете на веб-сајтот https://encourage.projectsgallery.eu/. Таму ќе можете да се запознаете со целите и активностите на проектот, како и да добиете подетални информации за ресурсите и резултатите кои ги постигнале до сега.