Коензим Q10 – Зошто е битен за нашиот организам – Соња Пановска

Коензим Q10 – Зошто е битен за нашиот организам – Соња Пановска

Коензимот Q10 ( ubiquitarius што значи „сеприсутен“) е многу распространет по природата и е исто така еден од основните телесни коензими. Коензимот Q10 е природна состојка на храната којашто е присутна во сите клетки на телото. Неговата карактеристична хемиска структура му овозможува да дејствува различно на ниво на липидни мембрани и во митохондрии. Коензимот Q10 е од суштинско значење за оддржување на сите биолошки процеси во организмот, бидејќи учествува во производството на клеточната енергија. Нашето тело природно произведува коензим Q10, но со возраста оваа количина се намалува.

Најчести корисници на коензимот се луѓето кои имаат проблеми со срцето, инфекции на непцата, висок крвен притисок, прекумерна тежина и старите лица. Одредени клинички студии покажаа дека коензимот Q10 го подобрува квалитетот на семето кај мажите со идиопатска неплодност. Коензимот Q10 има ефект врз кардиоваскуларните здравствени состојби поради неговиот антиоксиданс ефект, особено инхибицијата на оксидацијата на ЛДЛ. Коензимот исто така може да биде корисен при разни форми на физички напор, а особено се користи кај спортистите затоа што учествува во генерирање на клеточната енергија.

Трисеттите се граница?

Нивоата на коензимот Q10 почнуваат да се намалуваат во своите 30-ти години. Мала количина на коензимот Q10 може да се апсорбира преку храна, поточно се наоѓа во говедското месо, сардината, авокадото и маслиновото масло. Со недостаток на коензимот Q10 во организмот, телото старее побрзо, имунолошкиот систем слабее, а нивото на енергија и издржливост опаѓа. Соодветни количини на коензимот Q10 се смета дека се намалени кај лица со кардиоваскуларни и невролошки проблеми.

Соња Пановска

Дипломиран нутриционист, М-р по Јавно Здравје