Новогодишен апетит

Новогодишен апетит

Новогодишните прослави носат многу дружење, забава, импресии и постигнати резултати во тековната година, но и придонесуваат за консумирање на многу храна и пијалок.

Експертите за нутриционизам Ви даваат совети како да останете во здрава линија при новогодишниот апетит.

 

Направете паметен избор на храна

 

На прослава никогаш не одете гладни!

Кога сте гладни одбирате лош избор на храна богата со масти и алкохол и се прејадувате.

Затоа направете правилен избор на храна со зеленчук, здрави протеини и јаглени хидрати поделени на четвртини.

 

Хидрирајте се

Без соодветна хидратација, честопати се чувствуваме гладни, слаби и уморни!

Пијте вода и на новогодишната ноќ!

Ограничете го внесот на празни калории како што е алкохолот, којшто е чист шеќер и нема хранлива вредност.

Имајте чаша вино и ако сèуште копнеете по алкохол, обидете се со чаша шприцер.

Бидете мудри во изборот на алкохол и не претерувајте!

Сон

Доволно спиење е неопходно за добро расположение, добро здравје и добар изглед за време на празниците.

Дури и ако имате планови за патувања на одмор, не заборавајте да одвоите време за спиење.

Обидете се да го одржите вашиот редовен ритуал за спиење.

 

Вежбајте

Не чекајте да помине јануари за да почнете со вежбање. Звучи оптимистички, но околу празниците практикувајте утрински вежби на истегнување или вежбајте аеробик. Тоа ќе ви го намали мамурлакот и ќе се чувствувате многу задоволно.

 

Бидете среќни, здрави и чувстувајте се убаво при дочекот на Новата Година.

 

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА ОД ТИМОТ НА

VIP HEART

Соња Пановска

Дипломиран нутриционист, М-р по Јавно Здравје