Нов револуционерен метод на ласерско зголемување на усните со Фотона ласерот

Нов револуционерен метод на ласерско зголемување на усните со Фотона ласерот

Нашите усни како и нашата кожа на лицето и телото се подложни на стареење. Усните со тек на годините започнуваат да го намалуваат количеството на колаген коешто се карактеризира со појава на мали линии или брчки околу рабовите на усните или се намалува нивната големина. Факторите коишто допринесуваат за истото се и ефектите коишто ги прави храната, плунката и студеното зимно време, ветерот и сончевите зраци а нашите усни тогаш изгледаат суви, распарчени и бледи.

За среќа, денес имаме неколу методи за зголемување на усните, од филери базирани на хијалуронска киселина, апликација на масно ткиво или хируршка корекција на усните. Сите овие предизвикуваат и многубројни негативни ефекти.

Она што е новина е зголемување на усните и подигнување на работ на усните без несакани ефекти и појава на болка.

Заборавете на боцкањето и на болката при инјектирање, на хематомите коишто се појавуваат како резултат на инјектирањето.

Ласерот Фотона е иноватор во оваа метода и Ремедика за прв пат започна со истата метода на природно зголемување на усните коешто трае идентично како и филерите кои досега ги употребувавме.

Ласерот не само што ги мазни брчките околу усните туку доведува до продукција на колаген којшто е главен структурен протеин кој се наоѓа во вашата кожа а со тоа усните ги прави да бидат поволуменозни и посочни од претходно. Ласерската енергија навлегува во кожната структура на усната додека не постигне максимална темепература. Првата постапка е SmoothLiftin – интраорално затегнување т.е. третманот се изведува во усната празнина. Втората постапка е Piano tightening коешто делува на затегнување на кожата со топлинска релаксација на епидермисот и други кожни структури како и крвните садови пришто прави затегнување на целото третирано место и има ефект којшто се забележува веднаш.

Методата трае околу 5 до 10 минути по претходна консултација со дерматовенеролог. Во тек на постапката пациентите задолжително носат заштитни очила. Несаканите ефекти воопшто ги нема освен благо црвенило на самите усни и субјективно чувство на подигнати усни.

Потребно е околу четири постапки во зависност од желбата на пациентот на растојание од околу еден месец.

По завршувањето на постапката кај пациентот се аплицираат само хидратанти навлажнувачки креми.

Резултатите се видливи веднаш по третманот со зголемување на усната, појава на помали понежни линии околу и чувство на свежина на самите усни. Продукцијата на колагенот е околу 80% коешто продолжува за четири до шест месеци како резулат на постојана колагенска стимулација.

М-р др. Наташа Теовска - Митревска

Специјалист дерматовенеролог