Отворен повик за иновативни решенија за климатска адаптација на регионот на Охридско-Преспанското Езеро

Отворен повик за иновативни решенија за климатска адаптација на регионот на Охридско-Преспанското Езеро

Во рамки на проектот “АРСИНОЕ – Климатски отпорни региони преку системски решенија и иновации” е отворен повик за иновативни решенија за климатска адаптација на регионот на Охридско-Преспанското Езеро.

Повикот има за цел поддршка на иновативни решенија кои ќе можат да им помогнат на европските региони да ја подобрат отпорноста кон екстремни температури, недостиг на вода, суша, загадување на водата и поплави.

Избраните иноватори ќе имаат можност да добијат до 50.000 евра за активности во регионот. Рокот за аплицирање е до 08 јануари 2024 година. Со цел подобра информираност за начинот на аплицирање ќе бидат организирани неколку инфо сесии.

Проектот “АРСИНОЕ – Климатски отпорни региони преку системски решенија и иновации” е проект финансиран од програмата Хоризонт 2020, со времетраење од 48 месеци. Во рамки на проектот учествуваат 41 партнерска организација од 15 европски држави во 9 студии на случај, меѓу кои и студијата на случај за Охридско-Преспанското Езеро, во која главен координатор е Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика- ИЕГЕ од Република Северна Македонија.

Проектот АРСИНОЕ има за цел да ги примени иновациите за климатска адаптација низ низа клучни системи (биодиверзитет, поплави, пораст на нивото на морето, суши, недостиг на вода, топлотни бранови и уништување на шумите) и да изгради екосистем за решенија за адаптација на климатските промени.
Повеќе информации за отворениот повик за иновативни предлози, како и начин на поднесување на апликација можете да прочитате на следниот линк https://arsinoe-project.eu/arsinoe-2-open-call-announced/

 

content