Пивски стомак!!!?? Што да избегнуваме?

Пивски стомак!!!?? Што да избегнуваме?

Крофни

Сите знаеме дека не можеме да им одолееме на свежите крофни!
Една ни е малку !
Но, замислете една крофна содржи 260 калории, шеќери и масти.
Избегнувајте ги крофните во доцните часови. Тоа може да ви направи пивски стомак.
Доколку ги земате, почестете се наутро со една шоља чај само еднаш неделно.

Сладолед

Неодоливиот сладолед има 230 калории, шеќери, млечни масти и додатоци на вкусови, ореви, чоколадо, бадеми, чоколадни гранули, бисквити кои даваат многу енергија и задоволство.
Но, внимавајте, секјдневното консумирање може да ви направи пивски стомак.

Чипс

Една порција од 15 чипса има 160 калории. Но, кој може да одолее на само толку.
Изберете поздрава варијанта со правење домашен чипс од сладок компир или тиквички.

Алкохол

Алкохолот дава 7 калории на еден грам.
Алкохолот во вечерните часови заедно со пржена и масна храна, ќе ви даде многу калории и ќе ви создааде пивски стомак.
Не го консумирајте наутро!
Најдобро е во комбинација со салата и апетисани, до 300 мл или со добар ручек!
На здравје!

Хот дог

Овој сендвич со леб, виршла, кечап, мајонез, сенф има 390 калории и многу шеќери, заситени масти, кои ви дава чувство на ситост, пивски стомак, но малку здравствени бенефити.
Подобар избор: Одберете сендвич со туна и зелена салата.

Масно црвено месо

Ако сте љубители на црвено месо, едно парче ребро содржи 1600 калории, 60 грама заситени масти.
Комбинацијата со леб, компир, ориз, алкохол, може да ви создаде пивски стомак.
Подобар избор: Печено или обарено месо во комбинација со салата.

Пица

Пицата може да биде здрава.
Но, ако додадете кулен, шунка, колбас и говедско месо, кашкавал, може да добиете повеќе од 300 калории на едно парче.
Подобар избор: Пица со зеленчук, со тоа што добивате дополнителни растителни влакна и хранливи материи и до 100 помалку калории по парче.

Пржен помфрит

Повеќето од нас прават пржен помфрит, не знаејќи дека голема порција помфрит може да има исто толку калории како една плескавица.
Подобар избор: Помфрит со салата.
Комбинацијата со месо може да ви создаде пивски стомак.

Газирани благи пијалоци

Дали знаете дека едно пакување од 500 мл има 250 калории.
Ваквиот пијалок освен што има многу калории и шеќери, ви дава полност, надуеност и го прави пивскиот стомак.
Подобар избор: Газирана или обична вода со лимон.

Замрзнати готови јадења

Некои замрзнати јадења се многу богати со калории, натриум и транс масти.
Прочитајте на етикетите за составот, големината и начинот на подготовка. Лошите комбинации се уште една причина за добивање на пивскиот стомак.

Подобар избор: Прочитајте ги етикетите за посно замрзнати јадења направени со цели зрна.

Соња Пановска

Дипломиран нутриционист, М-р по Јавно Здравје