Плазма Пен – Сузана Блажевска

Плазма Пен – Сузана Блажевска

Плазма пенот претставува револуционерен метод за подигнување на очните капаци, го крати вишокот на кожа, ги брише брчките и стриите, затегнува и подмладува. Со овој метод се добива резултат на нова кожа за 5-6 дена. Резултатите се моментално видливи и се споредуваат со хируршките третмани.

Плазма пенот освен што овозможува ефективна не-хируршка блефаро пластика (корекција на очните капаци), може да се користи за не-хируршки лифтинг на вратот, третман против лузни вклучувајќи лузни од акни како и затегнување на борите. Исто така може да се отстрануваат флеки од кожата. Овој револуционерен метод е способен да изведува процедури и достигнува резултати коишто може да се споредат со резултатите од козметичката хирургија. Кожата е најголемиот орган на телото, зафаќајќи 16% од човековата тежина, со површина од околу 1.8 м². За разлика од другите органи кои се внатрешни, овој го носиме однадвор.

Вообичаено еден третман е доволен за да се постигне посакуваниот резултат. После 1 месец, на закажана контрола, се одредува дали е потребен дополнителен третман. Очекувањата се резултатите да траат најмалку 9 месеци.

Сузана Блажевска

Козметолог - едукатор