Секој ден е нов предизвик. – Марко Дамевски, Винер Лајф

Секој ден е нов предизвик. – Марко Дамевски, Винер Лајф

Винер Лајф, како дел од Виена Иншуренс Груп, нуди широк избор на осигурителни производи што овозможуваат секој клиент да добие животно осигурување што најмногу одговара на неговите потреби. Компанијата се стреми кон стабилен, долгорочен и одржлив развој, базиран пред сè напринципите на чесност, ориентираност кон клиентите, флексибилност, со постепено но сигурно постигнување резултати што несомнено гарантираат успех за компанијата и успех за нејзините клиенти.

Марко Дамевски е Менаџер за продажба во Винер Лајф, кој со неговото 20 годишно искуство во финансиски институции секојдневно придонесува за раст и развој на продажната мрежа во компанијата.

1. Како ви изгледа еден работен ден, што е она што најмногу ве мотивира во работата?

Продажбата, без оглед на тоа дали директно се работи продажбата или се менаџираат тимови, е професија чија убавина е во тоа што ниту еден ден не е ист со претходниот и е многу различен од наредниот. Токму затоа и со оваа работа не може да се занимава било кој.
Јас и приватно, а не само професионално, избегнувам стереотипи и работи кои се лесно предвидливи. Едноставно не ми се предизвик. Не би можел да работам работа во која секој ден ми е ист. Ме убива монотонијата и веројатно многу брзо би се откажал.
Што се однесува до мојата мотивација во работата, највеќе ме мотивира сѐ ова што го напишав погоре. Секој ден е нов предизвик. Секогаш кога не сте максимално подготвени за работниот ден, тоа сериозно ќе го почуствувате и во резултатот. Кога ќе го почуствувате моментот дека нозете ви се враќаат кога одите на работа, веројатно е време да ја смените работата. За среќа моите сѐ уште се движат многу пред мене.

2. Кои се клучните зборови на убедување кои ги користите да ги убедите вашите клиенти за важноста од поседување животно осигурување?

Погрешен е впечатокот дека ние ги „убедуваме“ клиентите. Вработените кои работат директна продажба во Винер Лајф се обучени низ разговор со потенцијалниот клиент да ја поттикнат потебата од животно осигурување. Во зависност од потребата на клиентот, се нуди и производот кој е најапликативен согласно детектираната потреба. Се разбира дека последниот збор е секогаш на клиентот. Негова е одлуката дали смета дека треба да одвои средства за негова помирна иднина. Многу е важно да не се помине линијата кога продавачите стануваат напорни и создаваат отпор кај клиентот не само кон одреден производ, туку и кон компанијата генерално.
Уште еднаш би сакал да повторам дека ние не ги убедуваме клиентите, затоа што тоа би било исилена одлука. Тоа понатмау значи или во најмала рака се доведува во прашање и нивното редовно плаќање на полисата во иднина, што создава дополнителни проблеми не само на продавачот и компанијата, туку и за самиот клиент.

 

3. Кој е вашиот најпродаван производ и зошто?

„Најпродаван производ“ е само статистика која не велам дека не е важна, туку во овој случај не мора ништо да значи со сигурност.
Производите на Винер Лајф се поделени на неколку дела, во зависност од тоа дали се работи за банкарски производ, дали клиентот сака сигурни вложувања или поголема евентуална добивка.
Банкарските производи би ги тргнал на страна, па ни остануваат само производите кои се поврзани со инвестициски фондови, каде самото животно осигурување не е во преден план, туку оплодување на средствата, тука се работи за клиенти на кои повеќе им одговараат неризичните вложувања каде што самото животно осигурување е во преден план.
И едната и другата група на производи си има свои предности, иако суштината им е многу различна.
Инаку во Винер Лајф во овој момент најпродаван производ е Лајф Инвест-от кој спаѓа во групата на производи кај кои постои комбинација од животно осигурување и инвестициски фонд.

4. Дали се зголемува свеста за купување на животна полиса, дали расте процентот на продажба? Може ли да направите една кратка споредба како е во другите земји, Европа?

Секако дека свесноста на населението од потребата за животно осигурување значително расте и тоа навистина се чувствува преку поголемата достапност на клиентите.
Што се однесува до развиените земји, мислам дека е неспоредливо затоа што производите се многу различни. Во голем дел од земјите воопшто и нема штедна компонента, туку исплатата кон корисникот е само во ситуација кога е настанат осигуран случај, што кај нас не е така.
Дополнително, системот на тие држави во многу ситуации ги тера и условува своите граѓани животно да се осигураат со нудење на дополнителни бенефити. Кај нас и во тој поглед се менуваат работите и клиентите добиваат дополнителни можности од страна на државата, меѓутоа сѐ уште сме далеку од нивото на развиените држави.

5. Колку финансиски средства треба да одвои едно семејство за да биде животно осигурано?

Суштината на животното осигурвање не е на осигурениците да им се намали животниот стандард, туку рационализација на трошоците за подобро, посигурно и помирно утре.
Се разбира дека во зависност од тоа колку средства двоите, толку и ќе земете на крај. Доколку можете да си дозволите да одвоите повеќе средства, повеќе и ќе земете на крај. Суштината на животното осигурување не е само заштедата, туку и „откупување“ на ризикот доколку нешто ви се случи во наредните 15, 20, 25, па и 30 години.

6. Зошто Винер Лајф, а не друга осигурителна компанија? Што ве прави посебни и единствени?

Секој клиент има право да одбере компанија на која најмногу и верува и покрај која ќе се чувствува најбезбедно.
Винер Лајф е членка на ВИГ групацијата која е најголема групација кај нас. Со тоа е несомнена и сигурноста на вложените средства на клиентите. Сигурноста и квалитетот на услугата е нешто што го сметам за сериозна конкурентска предност.
Инаку на нашиот пазар не постои „лоша“ компанија за животно осигурување. Секоја одлука на клиентите да склучат договор за животно осигурување е за поздравување, независно дали се работи за Винер Лајф или некоја друга компанија.

empty-author