Со посебна радост го обоив мојот свет во цветните бои – Јасмина Димовска

Со посебна радост го обоив мојот свет во цветните бои – Јасмина Димовска

Секој миг, час, ден од животот се дополнува со радост и среќа. Расте, се развива и станува поголема…

Секој ден од романот наречен живот доживуваме различни причини за среќа.

Пишувајќи ги овие зборови се повеќе навлегувам во сеќавањата кои ме направија неизмерно среќна….

Основата на градење и препознавање на среќата започнува од семејството, родителската грижа, растење во хармонија и љубов.

Моето семејство, моите две сонца, нивната среќа, ме прави неизмерно горда мајка.

Сакајќи да ја искажам својата среќа, ме поттикнаа да ја изразувам преку своите дела. Мојата професионална определба ги содржи сите елементи на убавото, романтичното и среќното…

Изработувајќи го венчалниот фустан на мојата прва радост, во нанижаните бисери ја везев мојата среќа и гордост што израснав личност на која и ја пренесов сета моја љубов.

Како професионален организатор на свадби и други свечености, го обоив мојот свет во сите бои на цвеќињата.

Од таа љубов произлезе и љубовта кон одгледување на цвеќе.

Почитувајќи ја институцијата семејство, со посебна радост, низ формите и боите на сите елементи кои го обележуваат незаборавниот свадбен миг, ја проткајувам среќата на секој нов почеток на заедничко живеење.

Секогаш спремна за нови предизвици, со секој нов цвет во мојата бавча, пронаоѓам нови мигови среќа во секојдневието.

empty-author