Шеќерна депилација – Сузана Блажевска

Шеќерна депилација – Сузана Блажевска

Шеќерната депилација претставува природен, безбеден и ефективен третман на отстранување на несаканите влакна.

Станува збор за 100% природна и хигиенска метода на депилација, без поткожни влакна, без иритации и црвенила, продолжен период помеѓу две депилации, проретчување на влакна до 70% прекрасна нежна и мазна кожа како никогаш досега!

Професионалната шеќерна депилација е безбедена, нежна и ефективна солуција за отстранување на влакна кај жени, мажи и деца. Ја препорачуваме бидејќи е напредна техника на депилација и нуди многубројни неспоредливи и различни предности. Најбитната предност е многу фундаментална: со напредната техника и шеќерната паста влакната се вадат во нивната природна насока на растење и тоа додека влакната се сеуште во раната фаза на растење со што се елиминира кинењето, непотребната неудобност, иритацијата и појавата на подраснати влакна, а во исто време се отстрануваат мртвите клетки од кожата. Резултат е мазна и прекрасна кожа, без нелагодности кои ги предизвикуваат другите техники за отстранување на влакна.

 

Сузана Блажевска

Козметолог - едукатор