Што треба да знаеме за вакцините – д-р Соња Ралева

Што треба да знаеме за вакцините – д-р Соња Ралева

Вакцините во минатиот век сочувале и спасиле преку 10 милиони луѓе. Сепак во многу земји здравствените стручњаци зборуваат дека постои тренд на недоверба кога се во прашање вакцините, па затоа и родителите ги одбиваат. Вакцинацијата  е тема која постојано е актуелна и постојано ги вознемирува родителите.

Што можат да спречат вакцините и кои се придобивките од редовна вакцинација?

Придобивките од вакцините се големи и значајни за целото човештво. Искоренети се многу заразни заболувања, а воедно се спречени болести кои му пркосат на човештвото. Спречени се и многу епидемии, а со тоа е подигнат квалитетот на живот. Болестите што може да се спречат со вакцините се превентибилни, а не судбина.

Најголемиот страв и дилема кај родителите е дали може ли реакцијата на вакцина да придонесе за аутизам кај децата?

Не постојат медицински докази за поврзаноста на вакцините, а посебно многу често обвинуваната МРП вакцина ниту која било друга со аутизмот и аутистичните нарушувања, немаат никаква поврзаност. Контроверзиите и загриженоста околу ова ја предизвика еден труд спроведен 1998 година од Ендру Њејкфид објавен во медицинското списание Лансет, заподоцна неговиот труд биде прогласен за виновен за сериозен професионален деликт од страна на Генералниот Медицински Совет на Обединето Кралство до крајот на животот. Една Данска студија во која учествувале 537.303 деца во 2002 година даде силни докази против каква било поврзаност меѓу МРП вакцината и аутизмот. За сите овие деца не постоеше никаква поврзаност меѓу возраста во моментот на вакцинација, времето поминато од вакцинацијата или датумот од една страна и појавата на аутистичност од другата страна. Правени се низа други студиии во кои се споредени стотици илјади деца кои примиле МРП вакцина со оние кои не примиле, па е докажано дека ризикот од аутизам е ист во двете групи. Инциденцата за појавата на болест или состојба на аутизам или аутистично однесување е подеднаква. Причините за аутизмот треба да се бараат на друго место. Се знае дека тоа се промени кои се случуваат уште интраутерино со силно влијание на многубројни ендогени и егзогени фактори. Доколку не би биле доведени во меѓусебна поврзаност вакцините и аутизмот, една гранка во медицината сигурно би била многу понапредна. Поради сето ова изненадува фактот на борбата на дезинформација како борба против цивилизациските достигнувања во искоренување на заразни заболувања кои однеле многу животи во минатото, па дури  повеќе и од војни.

Пред детето да ја прими вакцината дали родителите можат да добијат информации за составот и квалитетот на вакцините?

Доколку родителот се интересира за составот и производителот на вакцината, докторот е задолжен да даде образложение околу тоа. Да ги запознае родителите околу очекуваните реакции кои можат да уследат после апликација на која било вакцина. Први очекувани реакции се оток, болка и црвенило на местото на апликација, а очекувана реакција е и умерена температура која ни укажува дека во организмот се случува имун одговор. Тоа претставува одбранбена реакција на детскиот организам, што е и основа на имунизацијата. Секоја компонента во состав на секоја вакцина е внимателно одбрана и дозирана до совршенство, а има за цел да го одбрани организмот од болести, но никако да го разболи.

д-р Соња Ралева

Треба ли родителите самоиницијативно да одлучуваат за вакцинирање на своето дете или не?

Вакцинацијата е задолжителна и законска обврска. Тоа е единствен начин да се спречат заразните заболувања, ширењето епидемии.  Имунолошкиот бедем односно заштита треба да е 95% во една популација од МРП вакцината, доколку дојде до внес на дадениот причинител на болест во осетлива популација, нема да дојде до ширење на болеста. За давање на вакцините одлучува докторот во ординацијата.

 Дали современата медицина го усовршува  квалитетот на вакцините и дали вакцинацијата треба да се одложува ?

Не постојат докази дека има каква било корист од одложувањето на вакцинацијата. Истражувањето од 2010 година покажа дека децата што подоцна ги примиле вакцините на седумгодишна до десетгодишна возраст, немале подобри бихевиорални и когнитивни тестови од децата што ги примиле вакцините на време. Сите вакцини треба да се примат на време без посебни одложувања од родителите, освен ако немаат медицинска оправданост. Распоредот се заснова на најдобри научни и медицински информации. Доколку и дадеме шанса на медицината, базирана на докази, а современата медицина лекува, едуцира, помага, додека  другата група која ја заговара квазимедицина, која говори на јазикот на емоции, стравови кои се ирационални и неоправдани медицински, несигурност,  настани кои се недокажани, тогаш заклучокот е јасен. Стравот и одговорноста кога нема да го вакцинираме нашето дете, се поголеми од последиците и компликациите кои можат да следат. Децата се нашата светлина,  нашата радост, па затоа да го одбереме најдоброто за нив и за нивното здравје.

дипл. спец. Оливера Антиќ

Главен уредник на VipHeart.mk