Hashimoto tireoditis – што е тоа и на што да внимаваме во нашата исхрана
Тироидната жлезда е најголема ендокрина жлезда која произведува хормони кои имаат голема улога во метаболизмот на масти, протеини, правилен раст на коса, кожа, коски, нервен систем, контрола на терморегулација и слично.
Хашимотото е автоимуна состојба кога телото произведува антитела кои ја напаѓаат сопствената тироидна жлезда. Антителата ТПО и тиреоглобулините можат да бидат зголемени при утврдени состојби како хипотиреодизам и хипертиреодизам.
Најчести симптоми можат да бидат: сува кожа, кршење на нокти, опаѓање на носа, тремор на рацете, вознемиреност, забавен метаболизам со запек и дебелина, анемија, високо ниво на холестерол, низок витамин Д итн.
Затоа доколку ви се дијагностицира преку серумска крв и ехо, послушајте ги советите од вашиот лекар за правилна терапија.
Во однос на исхраната, истражувачите за исхрана советуваат да избегнете намирници на база на пченица. `рж, јачмен, храна со млечни производи на база на лактоза, како и храна со рафинирани шеќери.
Истражувањата укажуваат дека луѓето со хашимото имаат и целијакрија односно се интолерантни на глутен, затоа исхраната без глутен поволно влијае на ублажување на симптомите.
Практикувајте храна богата со семиња, овошје, зеленчук (за листест зеленчук несекојдневно и во сварена форма), риба, јодирана сол, исхрана богата со селен, цинк, магнезиум, Б комплекс, железо и витамин Д.

Нутриционист,
М-р по Јавно Здравство