Прашања кои ја откриваат вистинската природа на човекот – Валентина Вања Тодоровска

Прашања кои ја откриваат вистинската природа на човекот – Валентина Вања Тодоровска

Валентина Вања Тодоровска – Новинар и сопственик на порталот 7dena.mk

1. Која е Вашата претстава за совршена среќа?

Спокој во душата, сино море и зелена тераса. Црвената сум јас, од сонцето а црн е мојот лап- топ каде ги пишувам текстовите

2. Кој е Вашиот најголем страв?

Неизвесноста.

3. Со која историска фигура би се поистоветиле?

Со Никола Тесла.

4. На кого најмногу му се воодушевувате?

На малите деца и на начинот на кој му се восхитуваат на животот.

5. Која Ваша карактерна особина не ја поднесувате кај себе?

Со сите свои особини сум на „ти“.

6. Која е Вашата најголема екстраваганција?

Правам сармички од штавељ, без да се распаднат.

7. Кое е Вашето омилено патување?

Ланското, во Торино, Италија.

8. Во кои прилики лажете?

Кога не сакам да повредам некого.

9. Која карактерна особина кај човекот сметате дека е најпреценета?

Спонтаност.

10. Кои зборови и реченици најчесто ги користите?

Ќе се среди, ќе видиш.

11. Што не Ви се допаѓа во Вашиот физички изглед?

Си се допаѓам себеси и така несовршена.

12. За што најмногу сте се покајале во животот?

Изборите ги правев сама. Од секого и од се, учев, како треба и како не треба.

13. Кој-а е љубовта на Вашиот живот?

Човек од кого ми светнуваат очите.

14. Кога и каде сте биле најсреќни?

Мојот најсреќен ден секогаш е денес.

15. Кој талент би сакале да го поседувате?

Да сум талентирана за бизнис.

16. Како се чувствувате моментално?

Совршено.

17. Што сметате за Ваш најголем успех?

Што станав добар човек.

18. Ако после смртта би се вратиле на овој свет, што би биле?

Делфин.

19. Која е најголемата драгоценост која ја поседувате?

Реална перцепција.

20. Што претставува разочарувањето?

Очекувањето.

21. Со која професија(освен оваа) би сакале да се бавите?

Би сакала да сум психолог.

22. Кој е вашиот идол (пример) во животот?

Моите родители

23. Кој е Вашиот омилен сликар, а кој писател?

Сликите ги гледам во романите на Марсел Пруст, Лав Толстој, Харуки Мураками, Ханив Курејши, Мирјана Бобиќ- Мојсиловиќ, Јагода Георгиева.

24. Кој е Вашиот фиктивен јунак?

Рип Кирби.

25. Каде би сакале да живеете?

Покрај вода.

26. Што најмногу мразите?

Тоа што не ми е мило, го одбегнувам.

27. Која човечка особина ве иритира?

Озборување, површност, тривијалност.

28. Кое е Вашето Мото?

На крај се ќе испадне добро. Ако не е добро,не е крај.

29. Кои квалитети ги вреднувате кај мажите?

Кога е духовит и тактилен.

30. Кои квалитети ги вреднувате кај жените?

Кога се силни и без партнер. Независни индивидуалки што не се пренемагаат.

31. Што е за вас вистински пријател?

Велат Србите: „На муци се познају јунаци“. Луѓето што останаа со мене кога имаше невреме.

дипл. спец. Оливера Антиќ

Главен уредник на VipHeart.mk