Прашања кои ја откриваат вистинската природа на човекот – Проф. др. Александра Србиновска Дончевски

Прашања кои ја откриваат вистинската природа на човекот – Проф. др. Александра Србиновска Дончевски

Проф. др. Александра Србиновска Дончевски – професор на Факултетот за правно-политички науки ФОН универзитет

Која е Вашата претстава за совршена среќа?

Совршена среќа за мене е секоја среќа која е праведна

Кој е Вашиот најголем страв?

Уф се плашам од болести

Со која историска фигура би се поистоветувале?

Не постои историска личност која би ја издвоила затоа што се поистоветувам со истата.

Можеби би можела да издвојам омилени историски личности како на пример – Мартин Лутер Кинг, Коко Шанел, Стив Џобс и секако не завршува тука списокот.

На кого најмногу му се воодушевувате?

На мојот брат- тивка река брег рони

Која Ваша карактерна особина не ја поднесувате кај себе?

Можам да простам, но не и да заборавам

Која е Вашата најголема екстраваганција?

Не сум претерано екстравагантна….

Кое е Вашето омилено патување?

Проблемот е во тоа што после секое патување велам: ова е моето омилено и најубаво патување….сегде кај што сум била

Во кои прилики лажете?

Не лажам. Секогаш сум искрена и не го праткикувам тој негативен начин за евалуирање на информација. За мене лично лажењето е мисловно потешко отколку зборувањето на вистината. Стојам на ставот – толку колку што свесно или несвесно ги лажеме другите е пропорционално еднакво на степенот на кој се лажеме себеси.

Која карактерна особина кај човекот сметате дека е најпреценета?

Дефинитивно – Разумот

Кои зборови и реченици најчесто ги користите?

Мисли- размисли
Трпение – спасение и
Јас МОЖАМ

Што не Ви се допаѓа во Вашиот физички изглед?

Косата иако многумина ќе се запрашаат зашто…..затоа што кога ќе излезам од фризерски салон послушна е најмногу 1 час

За што најмногу сте се покајале во животот?

е ги послушав моите родители да студирам медицина, но ете ако барем малку е за оправдување ја имам титулата д-р но во политчки науки

Кој-а е љубовта на Вашиот живот?

Изворно мојот сопруг, но со VIP место во мојот живот се моите близнаци Давид и Даријан

Кога и каде сте биле најсреќни?

Дата 27.09.2009 време 12:41 минута место Ремедика…си излегов после 5 дена насмеана со две прекрасни бебиња

Кој талент би сакале да го поседувате?

Музички

Како се чувствувате моментално?

Јас сум најголем хедонист (но не и егоиста) …ако познавате поголем од мене Ве молам да ме поврзете со истиот…  уживам во моментов, си пијам кафенце и од срце Ви ги одговарам прашањата кои се пред мене…се ми е како што треба

Што сметате за Ваш најголем успех?

Во прв план моето семејството и професионалната универзитетска кариера која успешно ја градам повеќе од 16 години во мојата матична куќа ФОН Универзитет

Ако после смртта би се вратиле на овој свет, што би биле?

Доктор и тоа педијатар

Која е најголемата драгоценост која ја поседувате?

Семејството и нашето здравје

Што претставува за Вас разочарувањето?

Момент на свесно приспитување и точка после која почнувам нов почеток

Со која професија (освен оваа) би сакале да се бавите?

Тоа мора да е јавна професија

Кој е Вашиот идол (пример) во животот?

Секој добар и морален човек

Кој е Вашиот омилен сликар, а кој писател?

Новица Трајковски и Цветанка Јованова – Хермес, а од писател нека биде Себастијан Фицек

Кој е Вашиот фиктивен јунак?

Супермен

Каде би сакале да живеете?

Негде покрај море

Што најмногу мразите?

Неисполнување на обврски

Која човечка особина ве иритира?

Мрзеливост – едноставно што можете денес немојте утре

Кога некој нема емпатичност. Едноставно мора да се научиме да слушаме со глава но и срце. За мене емпатијата е неопходен предуслов за воспоставување здрави и конструктивни односи помеѓу нас и други личности, односи што нема дс е претворат во нераскинлива поврзаност или, од друга страна, да доведат до заладување на односите при првото искушение.

Кое е Вашето Мото?

Кога некој ќе ти каже дека не можеш да успееш, заврти се и кажи му да те гледа како успеваш

Кои квалитети ги вреднувате кај мажите?

Не постојат универзални квалитети но сепак ќе одвојам: интелегенција, остроумност и да не е ексцентричен

Кои квалитети ги вреднувате кај жените?

Интелегенција, самодоверба, трпеливост и грациозност

Што е за вас вистински пријател?

Најдобар показател за вистинско пријателство ми е следниов цитат:
,,Кога тишината не ти е непријатна, знаеш дека си помеѓу вистинските пријатели.

Моите вистински пријатели не се совршени, но не сум ни јас. Ги цениме нашите добри човечки страни меѓусебно, но и покажуваме разбирање кога ќе згрешиме. И во добро и во лошо тука сме едни за други. На бројка не сме многу, но доволни сме

дипл. спец. Оливера Антиќ

Главен уредник на VipHeart.mk