ИЕГЕ ќе учествува во развој на истражувања и размена на резултатите во подрачја од особена важност за одржливиот глобален развој

ИЕГЕ ќе учествува во развој на истражувања и размена на резултатите во подрачја од особена важност за одржливиот глобален развој

Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ е дел од конзорциумот кој доби грант за од COST програмата (СА 20138, proposal reference number OC – 2020 – 1 – 24986, под наслов Network for water – energy – food nexus.

Мрежата има 46 учесници, научници и истражувачи од сите европски земји, како и од САД, Индија, Јапонија, Израел, Тунис, Турција, Либан и Кина.

Во текот на 4-те години на траење на проектот, ИЕГЕ ќе учествува во развој на истражувањата и размена на резултатите во подрачјата од особена важност за одржливиот глобален развој. Како член на Management Committee of the Action од РСМ, ИЕГЕ ќе допринесе за успешна организација на работата на работните групи.

Првиот состанок на Management Committee of the Action се одржа на 22 и 23 септември 2021, со што е означен почетокот на Проектот.

empty-author