За нас

Со отворањето на овој портал нема да бидеме ниту први, ниту последни, можеби само поразлични од другите. Само низ нашите искуства, обиди и секако понекоја грешка, можеме да станеме поцврсти, да ја развиеме амбицијата и достигнеме успеси, а и карактерот не можеме да го развиеме во мир и тишина.

Секој нов пат е трнлив, неиспитан и неповторлив. Мораме сами да го поминеме, штом сме го одбрале. Секако, со луѓето кои заедно со нас ги поминале сите тестови на пријателството, и во добро и во лошо внесувале светлина во нашите животи, цврсто стоејќи на ставот дека секој, во сите сегменти на животот, својата сила ќе ја препознае по тоа колку е моќен да го издржи моментот, бидејќи моментот е потежок, понапорен и подолг и од времето и од вечноста.

Животот е полн со искушенија, кои на тест ја ставаат нашата верба во сѐ она што е добро и племенито. Затоа VipHeart ќе постои за сите оние, кои носат по некој знак на душата, порака во очите и приказна во срцето, успешна, едукативна, емотивна, кои сакаат да биде слушната и споделена меѓу оние со ведри лица и големи Вип срца, како поддршка, да никој не ги отфрли своите соништа, идеали и достигнувања, бидејќи да бидеш без сон е како да живееш без надеж, а да бидеш без надеж е како да живееш без смисла.

Пријатели наши, читатели и поддржувачи на овие Випхарт редови, пријатели со Вип срца, да ја шириме и зголемуваме среќата околу нас, бидејќи само кога се споделува ќе ни носи радост, пријателство и љубов, а тоа е нешто што треба себично да го чуваме.