Кератински третман на коса
Во текот на летото сувата коса е најчест проблем со кој се среќаваме. Потребно е особено внимание да посветите на негата на вашата коса, која во овој период од годината е под дополнителен ризик од сушење и пукање, па според тоа морате да и’ дадете дополнителна грижа.
Влажните влакна се многу чувствителни на УВ зрачењето бидејќи тврдиот кератин при навлажнувањето станува мек и влакното е растегливо и подложно на оштетувања.Затоа започнете на време со природната нега и безгрижно уживајте во летото
Со напредокот на нанотехнологијата научниците во Бразил открија потполно нов и траен третман за коса. Бразилски третман со кератин кој може да “го врати времето назад”,да ја обнови структурата на косата, да го врати изгледот кој и го подарила природата во оригинална верзија и да добиете мека, сјајна и здрава коса. Бразилски кератин, третман за оштетена коса, е најнапреден, најбрз и најефикасен начин за заздравување на оштетената коса и да се врати нејзиниот природен изглед.
Што е кератин?
Структурата на косата е комбинација на комплексни протеини т.н. кератин и влажност. Кератинот, генерално е одговорен за цврстината и отпорноста на косата, додека нејзината природна влажност е одговорна за еластичноста, флексибилноста, мекоста, природниот и здрав изглед. За жал, исправувачи на коса, бојата, минивалот, фенирањето, сонцето, загаденоста, хемикалиите во базените, дури и секојдневното третирање на косата како што се чешлање и шампонирање може да го уништат нивото на кератинот и влажноста на косата.
Како влијае кератинот?
Ова е револуционерен третман кој користи комбинација на кератин кој би ја излечил оштетената коса заменувајќи го нејзиниот природен кератин кој е изгубен со фенирањето, фарбањето и други хемиски процеси. Овој третман произведува кератински наномолекули кои влегуваат длабоко во структурата на влакното.
За оваа постапка задолжително е потребна специјална ладна пегла Ultrasonic која овозможува потполна пенетрација на кератинот. Најнова револуционерна ултразвучна и инфрацрвена технологија, Beaute Ultrasonic е прв систем во светот за обновување на косата без употреба на топлина.
-Додава кератин на косата без загревање
-Дава влажност на косата
-Ја подобрува бојата
-Дава еластичност на влакното, го зацврстува и го третира
-Ги обновува екстензиите на коса ,содржи високо концентриран хидрализиран протеин кој што е составен од 18 амино киселини и од колаген.
Овој кератин е прв оригинален бразилски кератин од 1998 година и има големо реноме во целиот свет. Третманот овозможува да се врати природната цврстина, сјајот и волуменот на косата. Косата е потешка и поздрава и полесно се обликува и фенира. Третманот трае 70 дена. После тоа пожелно е повторно да се повтори. Уживајте во убава и здрава коса со употреба на оригинален бразилски кератин со 100% природен колаген.

Козметолог – едукатор

