Летна детоксикација
Чиа семе и лимета
1 чаша вода
1 лажица чиа семе
½ лимета
Семето на Chia потекнува од родот Salvia hepanica, што всушност е член на семејството нане. Чиата потекнува од Централна и Јужна Америка и се користи илјадници години како извор на храна и енергија.
Чиа семето е извор на минерали како калциум, магнезиум, железо и калиум.
Содржи диетални влакна кои делуваат како пробиотици кои помагаат во добра варење на храната и против опстипација.
Ова е одличен пијалок пред и после вежбање.
Направете освежителен напиток од чиа семе и лимета и ќе ги елиминирате токсините од вашиот организам и ќе ги стопите масните наслаги.

Здравствени бенефити од лимоновата вода
• Одличен извор на калиум
• Го зајакнува имунитетот
• Ја подобрува дигестијата
• Ја помладува кожата
• Спречува инфекции
• Го регулира крвниот притисок
• Ублажува болки во зглобовите
• Го прочистува црниот дроб

ЃУМБИР
Најновите истражувања ги потврдуваат придобивките од коренот на ѓумбирот и тоа само ¼ лажичка секој ден којашто може да ги намали воспалителните процеси во организмот како и дијабетес мелитус тип 2.
Најновата студија, објавена во Меѓународниот весник за наука на храна и исхрана, се обиде да ги испита ефектите од консумирање на ѓумбирот врз липидниот профил, гликемискиот статус и воспалителните маркери поврзани со дијабетесот тип 2.
Секој ден, една група добивала 1600 мг. ѓумбир, еквивалентно на приближно ¼ од кафена лажичка. По 12-неделниот циклус, оние во групата ѓумбир доживеале значително намалување на следните маркери во споредба со контролната група:
* гликемија после јадење,
* инсулин
* триглицериди и вкупен холестерол.
Истражувачите заклучиле: ,,Ѓумбирот ја подобри чувствителноста на инсулин и некои фракции на липидниот профил, како и намалениот CRP и гликемија кај пациенти со дијабетес тип 2”.
Ставете една четвртина лажичка ѓумбир во пијалак, месо, кари, салата и ќе ги видите придобивките.

Киви
Дали сте знаеле?
Јадењето две киви на ден го подобрува квалитетот на сонот бидејќи кивито го содржи хормонот на среќа, серотонин.
Летна детоксикација во 5 чекора
Ослободувањето токсини од организмот може да биде секојдневна рутина ако ги следите следниве чекори:
1. Повеќе од две чаши вода на ден

2. Во секој оброк ЗЕЛЕНЧУК
Зеленчукот е полн со витамини и минерали кои кои подобруваат метаболизмот и ви го дава чувството на ситост.

3. Сон
Сонот помага во обновување и регенерација на сите клетки во организмот, како и во топењето на мастите во текот на ноќта. Практикувајте да легнете најмалку 2 часа по вечерата и да спиете 6 до 8 часа. Секако не заспивајте со телефон или телевизор, бидејќи тоа влијае на квалитетот на сонот во текот на ноќта. Најважно, не подлегнувајте на јадења во текот на ноќта.

4. Медитирајте 5 минути дневно
За добро здравје потребно е синхронизација на телото и умот. Затоа одвојте 5 минути во вашиоот дом или работно место кадешто ќе се фокусирате самите со себе.

5. Редовно вежбање
Одвојте еден дел од денот којшто ќе го посветите на физичка активност како пешачење, возење велосипед, пливање и фитнес.


Нутриционист,
М-р по Јавно Здравство

