Мал моден времеплов

Мал моден времеплов

Не го користете зборот „Ефтино“ . Денес секој може да изгледа шик во облека која не е скапа и е пристапна за секој џеб. Можете да бидете најшик и во обична маица и фармерки.

Се зависи од Вас – Карл Лагерфилд

Кој е Вашиот „Х“ фактор за убав изглед?

Маја Лазаревска – Станимировиќ

Точно,апсолутно се согласувам со оваа изјава.Може да се изгледа преубаво и „ classy“ дури и во една обична бела маица и фармерки, надополнето со соодветни детали и накит. Има многу примери кога и со многу брендирани и скапи парчиња облека може да се изгледа невкусно и „ефтино“.По„ефтино“ мислам на тој недостаток на стил и таа „classy“ нота во целокупниот изглед.Треба да се знае да се носи тоа што се става на себе. Има луѓе кои со обична маичка на себе изгледаат како од милион долари,зрачат и привлекуваат.

Факторот„Х“ преставува стил,став,движење,однесување……и ниедна облека не може да го замени. Може само да го надополни.

Елизабета Димовска

Мојот„ Х “фактор за убав изглед е самодовербата.Истата се постигнува со автентичност и оргиналност,односно секогаш бирајте парчиња облека кои ви лежат, во кои се чувствувате удобно и се репрезент на Вашиот стил.

Некој трендовски детал е секогаш добредојден, но, не се трудете да се вклопите, да се униформирате….. Вашиот моден израз Ве претставува како индивидуа, како личност и не се плашете да му покажете на светот кој сте.

Биљана Ѓорѓиоска Анѓушев

Мојот„ Х“ фактор е расположението,а честопати за изгледот се водам од идејата каков ефект сакам да постигнам…..

Во последно време пробувам и посмели парчиња гардероба, во комбинација со поедноставни парчиња…..Најтешко ја прифаќам униформираноста, па намерно не облекувам тоа што е широко прифатено.

дипл. спец. Оливера Антиќ

Главен уредник на VipHeart.mk