Мултифункционален апарат Lipo Massage Body Slimmer and Counturing

Мултифункционален апарат Lipo Massage Body Slimmer and Counturing

Не очајувајте доколку сеуште ја немате постигнато посакуваната фигура. Сеуште може за краток период да го обликувате и затегнете Вашето тело.
Мултифункционалениот апарат, кој е дизајниран според медицински стандарди е сосема безбеден и безболен.

Составен е од четири видови на технологија: биполарна RF, инфрацрвени ласерски зраци 940nm, механичка стимулација на ткиво со ролери-endermologija и вакум.
Четирите видови на технологија ефикасно го подобрувааат метаболизмот, ги намалуваат масните наслаги, ја затегнуваат кожата на телото и го отстрануваат целулитот.
Со еден третман од 30 минути на определената регијa се добиваат четири третмани во еден: ласер, радиофреквенција, вакум и липомасажа.
Со помош на инфрацрвена ласерска светлина 940nm , се подобрува флексибилноста на кожата и се овозможува повторното обновување на колаген и еластинот на кожата.
RF биполарна радиофреквенција создава топлина која го загрева поткожното масно ткиво и на тој начин помага да се разложат( lipocytes) мастите во поткожно ниво.
Endermologie ролер со вакум масажа ја подобрува циркулацијата и ги разложува мастите, како во подлабоките ткива , така и во површинските слоеви на кожата.
Со овој третман се постигнуваат следните ефекти:
*Се зголемува содржината на кислород во крвта и се подобрува микроциркулацијата на телото;
*Се намалуваат локализираните масти , прави липолизата и обликување на телото (раце, нозе, половина, стомак и колкови);
*Помага за враќање на телото во првобитна состојба, после породувањето;
*Ја затегнува кожата;
*Ги намалува стриите;
*Прави лимфната дренажа;
*Ја намалува болката на мускулите и на целото тело делува како тераписки третман.
Со серија од десет третмани , обемот на телото ќе се намали од 3- 6 см , се редуцураат до 60% масти и кожата на телото се затегнува до 75%.
Третманот се препорачува да се прави два до три пати неделно.

Сузана Блажевска

Козметолог - едукатор