Најпознатите зелени покриви во Полска

Најпознатите зелени покриви во Полска

Зелените покриви, познати уште од античките времиња, повторно стануваат популарни. Од причина што овозможуваат низа на предности, главно еколошки, но исто така и социјални, урбанистички, технички и економски, зелените покриви стануваат алтернативно решение, не само за објекти од комунални претпријатија или комплекси на комерцијални објекти, туку и за традиционалните населби. Зелените покриви обично бараат повеќе напор и финансиски средства за изградба и одржување, отколку традиционалнитe кровови, но затоа пак нивните придобивки се многубројни.

Покривањето на покривни површини со зеленило има корисно влијание главно врз топлинските и хидролошките својства на покривот, а исто така го подобрува квалитетот на воздухот. Тоа ја подобрува трајноста на покривот, заштитувајќи ја од неповолни временски услови. Зелените покриви, исто така, ја зголемуваат отпорноста на пожар, а ја подобруваат и звучната изолација. Зелените покриви до одреден степен го заштитуваат биодиверзитетот на дадената област, со тоа подобрувајќи го и квалитетот на животот. За придобивките од зелените површини може да прочитате повеќе во претходната статија на VipHeart. Како зелените површини влијаат врз вашето здравје?

Како дел од истражувањата направени за проектот TREASURE, ви ги издвојуваме трите најпознати зелени покриви во Полска.

Библиотеката на Универзитетот во Варшава
Концептот за развој на зелен покрив на Библиотеката на Варшавскиот Универзитет се состои од неколку посебни градини. Во секоја од градините има различни видови на растенија кои се групирани заедно, што овозможува да се поделат во категории и да бидат именувани според боите. Така постојат 5 градини: жолта, сребрена, црвена, зелена и влезна градина.

Фотографијата е превземена од: https://www.assaabloy.com.pl/en/local/pl/solutions-and-references/education-solutions/buw/

Опера и филхармонија „Подлазија“ – Европски центар за уметност во Бјалисток
Новата зграда на Операта и Филхармонијата „Подлазија“ е најголемиот таков објект во источниот дел на Европа. Таа не е само центар на културата, туку и едно од најубавите места во Бјалисток.

Фотографијата е превземена од: http://www.psdz.pl/content/bia%C5%82ystok-opera-podlaska

Зелени покриви на ,,Центар за културни средби“ во Лублин
Зелени покриви на ,,Центар за културни средби“ во Лублин се импресивни. На 4-тиот кат се наоѓа високо уреден покрив, каде што се засадени цвеќе, грмушки и овошни дрвја.

Фотографијата е превземена од: http://zielonainfrastruktura.pl/dachy-zielone-centrum-spotkania-kultur-lublinie/

Целта на проектот TREASURE е да влијае врз создавањето на здрава иднина за нашата земја со одржлив начин на живот, зелени вештини и стратегии кои се одразуваат на економијата, општеството и животната средина. Еден од најважните приоритети на проектот е развивање на вештини за креирање одржливи практики, поттикнување на тимско работење и решавање на комплексни проблеми. Проектот TREASURE е финансиран од International Visegrad Fund. За повеќе информации, посетете нѐ на: http://www.iege.edu.mk/index.php/en/treasure/

Ана Томиќ
Помлад истражувач
ИЕГЕ

empty-author