Омбре коса

Омбре коса

Боењето на коса претставува хемиски процес при којшто се додаваат одредени пигменти во косата.

Исто така боењето се практикува и како процес со којшто може да се менува бојата на косата.

Главните причини заради кои што се бои косата се да се покријат седите влакна, да се направи промена во боењето на коста од потемна во посветла и обратно или сѐ повеќе да се биде во чекор со модата и најновите модни трендови за коса.

Со текот на времето боењето коса сѐ повеќе се преобразува во еден процес со додаток на уметнички акцент во којшто играат голема улога умешноста и креативноста на стилистот.

Најновите модни трендови сѐ повеќе се оградуваат од класичното боење на косата во една нијанса.

Модните трендови дозволуваат голема игра на бои, употреба на широк спектар на бои и многу видови техники на боење.

Новите палети на бои како што се бои без амонијак, бои од термални води, бои направени на многу природна база се само дел од познатите козметички брендови за коса коишто можат да направат вашата коса да изгледа беспрекорно, а вашата боја да заблеска во сјајот на холивудските тренд сетерки.

Почнувајќи од класичното нијансирање, авангардното и впечатливо нијансирање па се до омбре техниката, како најпопуларна и светски позната, сите овие техники можат да бидат одличен избор за Вас.

 

Сузана Блажевска

Козметолог - едукатор