Развој на професионална програма за отпорност и одржливост на објектите од екстремни климатски настани – BEWARE

Развој на професионална програма за отпорност и одржливост на објектите од екстремни климатски настани – BEWARE

Проектот BEWARE – Развој на професионална програма за отпорност и одржливост на објектите од екстремни климатски настани има за цел да ги едуцира професионалците да ги направат градежните објекти поотпорни кон екстремните климатски настани.

Проектот ќе им овозможи на учесниците да ја проценат ранливоста на објектот кон климатските промени, да ги оценат карактеристиките на зградата, да се посветат на проектирање на отпорноста на објектите од климатски промени, да ги идентификуваат и научат да применуваат повеќе одржливи решенија за подобрување на отпорноста на објектите, да ја зголемат енергетската ефикасност на објектите во согласност со Директивата за енергетски својства на објектите, и да научат како да користат дигитални алатки за да имаат полза од одржливоста на објектите.

Во рамки на проектот BEWARE ќе се имплементира “Професионална програма во отпорност и одржливост на објектите од екстремни климатски настани”, која ќе биде наменета за професионалци – инженери, архитекти, проектанти и студенти.

Во тек е отворен повик за пријавување и изразување на учество на учесници во едукативната програма. Прочитајте повеќе тука.

Програмата содржи 6 модули: Екодизајн и социјални потреби, Материјали за изолација, Природни решенија за отпад, Енергетска ефикасност и економска проценка, Дигитализација и Проценка на ризик.

Програмата ќе се имплементира онлајн на BEWARE дигиталната едукативна платформа, почнувајќи од 13 Март 2023 до 1 Јули 2023.

За секој предмет часовите ќе бидат распределени 3 пати неделно, после работното време.

Учеството на програмата ќе биде финансирано од програмата Еразмус+ на Европската Унија.

Програмата е дел од проектот “BEWARE- Развој на професионална програма за отпорност и одржливост на објектите од екстремни климатски настани”, кој ги едуцира професионалците да креираат објекти поотпорни кон климатските промени и да имплементираат иновативни и одржливи решенија во борбата со климатските промени. Проектот е финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија, Партнерства за соработка во стручното образование и обука.

Видете повеќе за проектот – http://bewareproject.com/

empty-author