Храна богата со естроген
Естрогенот е хормон кој го промовира сексуалниот и репродуктивниот развој.
Иако е присутен кај мажи и жени од сите возрасти, обично се наоѓа на многу повисоки нивоа кај жени во репродуктивна возраст.
Естрогенот спроведува низа функции во женското тело, како регулирање на менструалниот циклус, раст и развој на градите.
За време на менопаузата, естрогенот на жените се намалува со чести симптоми како топли трепки и ноќно потење.
Фитоестрогените познати и како диетален естроген, се природно растителни соединенија коишто можат да дејствуваат на начин сличен на оној естроген произведен од човечкото тело.
Значајни извори на естрогени во исхраната
Фитоестрогените имаат слична хемиска структура како онаа на естрогенот и може да ги имитираат неговите хормонални дејства. Фитоестрогени се приврзуваат на естрогенските рецептори во човечките клетки, што можат да влијаат на функцијата
на естрогенот во целото тело. Сепак, не сите фитоестрогени функционираат на ист начин. Докажано е дека фитоестрогени имаат и естрогенски и антиестрогени ефекти. Ова значи дека, додека некои фитоестрогени имаат ефекти слични на естроген и го зголемуваат нивото на естроген во вашето тело, други ги блокираат неговите ефекти и го намалуваат нивото на естроген. Поради нивните сложени дејства, фитоестрогените се една од најспорните теми во исхраната и здравјето. Додека некои истражувачи изразија загриженост дека големиот внес на фитоестрогени може да предизвика хормонална нерамнотежа, повеќето докази поврзуваат позитивни здравствени ефекти. Всушност, повеќе студии се поврзани со внесот на фитоестрогени со намалено ниво на холестерол, подобри симптоми на менопауза и помал ризик од остеопороза и одредени видови на карцином, вклучително и карцином на дојка.
1. Ленено семе

Семиња од лен се мали, златни или кафеави семиња, кои од неодамна имаат потенцијални здравствени придобивки.
Тие се неверојатно богати со лигнани, група на хемиски соединенија кои функционираат како фитоестрогени. Всушност, семето од лен содржи до 800 пати повеќе лигнани од другите растителни прехранбени производи.
Студиите покажаа дека фитоестрогени кои се наоѓаат во ленено семе може да играат важна улога во намалувањето на ризикот од карцином на дојка, особено кај жените во постменопауза.
2. Соја

Сојата се преработува во многу растителни производи, како тофу и темпе.
Производите од соја се поврзани со многу здравствени придобивки и се богати со протеини и многу витамини и минерали, изофлавони.
Изофлавоните од соја можат да произведат активност слична на естроген во организмот со имитирање на ефектите од природниот естроген. Тие можат да го зголемат или намалат нивото на естроген во крвта.
Една студија открила дека жените кои земале додаток на протеин од соја 12 недели доживеале умерено намалување на нивото на естроген во крвта во споредба со контролната група.
Истражувачите предложија овие ефекти да помогнат во заштитата од одредени видови на карцином на дојка.
Ефектот на изофлавоните од соја врз човековите нивоа на естроген е комплексен.
Затоа, потребни се повеќе истражувања пред да се направат заклучоци.
3. Сушено овошје

Сувото овошје е богато со хранливи материи, растителни влакна исто така е моќен извор на разни фитоестрогени. Сливи и суви кајсии се неколку извори на храна богати со фитоестрогени.
4. Семиња од сусам

Семето од сусам е мало семе, кое обично се вградува во азиските јадења за додавање на нежен крцкав вкус.
Тие се исто така доста богати со фитоестрогени, меѓу другите важни хранливи материи.
Интересно е што една студија открила дека потрошувачката на прав од семе од сусам може да влијае на нивото на естроген кај жени во постменопауза.
Жените во оваа студија консумирале 50 грама прав од семе од сусам дневно во тек на 5 недели. Ова не само што ја зголеми естрогенската активност, туку и го подобри холестеролот во крвта.
5. Лук

Лукот е популарна состојка која дава лут вкус и арома.
Лукот освен во кулинарството исто е и познат и по здравствените својства.
Иако студиите за ефектите на лукот кај луѓето се ограничени, повеќекратни студии за животни покажаа дека може да влијаат на нивото на естроген во крвта.
Покрај тоа, едномесечна студија во која се вклучени жени во постменопауза покажа дека додатоците од масло од лук може да понудат заштитни ефекти против губење на коските поврзани со недостаток на естроген, иако се потребни повеќе истражувања.
6. Праски

Праските се преполни со витамини и минерали, ккао и со фитоестрогени познати како лигнани.
Интересно е што анализата на студиите сугерира дека диетите богати со лигнани може да го намалат ризикот од карцином на дојка за 15% кај жени во постменопауза. Ова е веројатно поврзано со ефектите на лигнаните врз производството на естрогенот и нивото на крвта, како и нивното изразување на телото.
7. Бобинки

Бобинки имаат бројни импресивни здравствени придобивки.
Тие се богати со витамини, минерали, растителни влакна и корисни растителни соединенија, вклучувајќи фитоестрогени.
Јагодите, брусницата и малината се особено богати извори
8. Пченица

Пченица е уште еден концентриран извор на фитоестрогени, особено лигнани.
Пченицата во својот состав, освен високата содржина на влакна на пченични три, исто е богата и со лигнани, една врста на фитоестрогени.
Дали се фитоестрогените опасни?
Здравствените придобивки од консумирање на храна богата со фитоестрогени веројатно ги надминуваат потенцијалните ризици, така што овие намирници можат да се консумираат безбедно во умерени количини.
Сепак, многу студии го поврзаа внесувањето на фитоестрогени со потенцијални здравствени придобивки, вклучително и пониско ниво на холестерол, подобри симптоми на менопауза и намален ризик од остеопороза и карцином на дојка.

Нутриционист,
М-р по Јавно Здравство

