Што е тоа одржливо културно наследство и како да се зачува недвижното културното наследство кое нашата земја го има во изобилство?
Културното наследство е израз на начин на живот кој го развива една заедница и кој се пренесува од генерација на генерација, вклучувајќи ги обичаите, вредностите, местата, предметите и уметничките изрази. Културата и нејзиното наследство ги рефлектираат и обликуваат верувањето, вредностите и аспирациите, со што се дефинира народниот идентитет на луѓето. Важно е да се зачува нашето културно наследство, затоа што тоа го чува нашиот интегритет како народ.
Колку е значајно културното наследство покажува и фактот што 2018 година беше прогласена за “Година на културно наследство” од страна на Европската Комисија. Слоганот на годината беше: „Наше наследство: Каде минатото се среќава со иднината”.
Културното наследство допридонесува во едукацијата на една нација, пред се во доживотното учење, преку подобро разбирање на историјата, чувството на припаѓање и го зајакнува личниот развој на секој поединец. Токму од тие причини треба секој од нас да биде свесен за огромното значење на културното наследство кое го поседуваме и не смее да дозволи културното наследство да се распадне, да пропадне или да се уништи. Културното наследство може да биде нематеријално, материјално, природно и дигитално.

Што е тоа одржливо културно наследство и како да се зачува недвижното културното наследство, кое нашата земја го има во изобилство? Која е улогата и одговорноста на сите нас како поединци во зачувувањето на одржливото културно наследство во нашата земја?
Во насока на подигнување на свеста за значењето и вредностите на недвижното културното наследство во С. Македонија е и европскиот проект CULTHER, организиран од меѓународен конзорциум со партнери од С. Македонија, Белгија, Германија и Литванија и финансиран од Erasmus + програмата.
Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика (ИЕГЕ) е истовремено и носител на европскиот проект CULTHER, кој има за цел да ги открие причините за влијанието на климатските промени врз недвижното културно наследство и да влијае врз подигнување на свеста за одржливото културно наследство, како и врз создавање на одржливо културно наследство во нашата земја.
Еден од најважните приоритети на проектот е развивање на вештини за зачувување на културното наследство, како и креирање на одржливо културно наследство. Проектот е со времетраење од две години, во кои ќе се одржат бројни активности, меѓу кои состаноци, работилници, настани, креирање на значајни анализи и истражувања.
ИЕГЕ со своите партнери ќе одржи 6 работилници на кои учесниците ќе развиваат активности поврзани со конзервација на недвижно културно наследство од климатски промени, како и зачувување на оддржливо културно наследство. За повеќе информации, посетете: iege.edu.mk.

м-р Сузана Касовска Георгиева
Истражувач и Проект менаџер во ИЕГЕ

