КОЛОНОСКОПИЈА – преглед од 20 минути кој спасува живот

КОЛОНОСКОПИЈА – преглед од 20 минути кој спасува живот

Како процедура што претставува колоноскопијата?

Колоноскопија е преглед на дебелото црево со флексибилен инструмент- ендоскоп кој има камера и осветлување и се спроведува преку аналниот канал низ дебелото црево се до тенкото црево. Служи за поставување на дијагноза во зависност од тегобите на кои се жали пациентот или како скрининг метода за превенција од карцином на дебело црево.

Кој, зошто и колку често треба да оди на колоноскопски преглед?

Колоноскопија мора задолжително да направат пациентите кои имаат крв во столица иако тие тврдат дека крвта е од нивните хемороидни нодуси. Понатаму појава на течни столици, наизменично течна и тврда столица, нагла појава на опстипација, болки во стомак, слабокрвност од непознато потекло се причини кои бараат колоноскопски преглед. Пациентите кои имаат во фамилија појава на рак или полипи на дебело црево се јавуваат на колоноскопија секоја петта година. Секако дека има варијации во советот за контролна колоноскопија во зависност од возраста, присуство на полипи, појава на дисплазија на полипите, неотстранети полипи, присутно воспаление итн. Како скрининг програма во неколку западни земји е воведена колоноскопијата кај секој жител со полни 50 години.

Кои процедури предходат на прегледот?

Секако консултација со интернист или гастроентеролог, микроокултно крварење од фецес, лабораториски тестови, ултразвучен преглед на абдомен може да ни дадат индикација за колоноскопија. За аларматните симптоми, не е потребен никаков претходен преглед, туку веднаш се упатуваат на колоноскопија.

Кои болести и што се може да се открие со колоноскопија?

Со колоноскопија може да се откријат инфаматорни цревни заболувања, полипи( преканцерозни израстоци), карцином на дебело цреви, бенигни тумори, неуроендокрини тумори.

Кои се предностите, а кои недостатоците на оваа интервенција?

Најголем бенефит од овој преглед е можноста да се спречи карцином на дебело црево. СО самото отстранување на полипите во тек на колоноскопскиот преглед, го спасуваме пациентот од потенцијалното малигнизирање на тој полип со сите негативни работи и третмани што следуваат со тоа.

Дали постои алтернатива на колоноскопијата?… иригографија, видео капсула????

Колоноскопијата е златен стандард за преглед на дебелото црево. Иригографијата дава корисни податоци за дебелото црево, во случај само кога е невозможен колоноскопскиот преглед, секако како преглед со помош на рентген, нема можност за отстранување на полипи и биопсија на суспектни лезии. Видео капсула е корисна за снимање на тенкото црево, а е непогодна за снимање на дебелото црево со оглед на многу слепи агли кои ги дава.

Каква е припремата и диетата пред прегледот?

За изведување на овој преглед треба соодветна припрема како прочистување на дебелото црево со соодветни сретства и неколку дневна диета.

Нуспојавите на колоноскопијата? Инфекции, крварење, алергија?

Со помош на специјалните машини за прочистување на инструментите, инфекциите се минато. АЛергија не постои на самите инструменти. Еден е несаканите моменти е можноста да се повреди зидот на дебелото црево, односно да пукне зидот на цревото кој е многу тенок , особено кога се сечат поголеми полипи. Крварење не очекуваме кај рутински преглед, но при полипекотмија секако дека се очекува како една од несаканите последици при користење на оваа интервентна процедура. Секако дека секој ендоскопски оддел каде се изведува полипектомија има методи со кои се прекинува започнатото крварење.

Д.р Виолета Христова Јаниќ – интернист-гастроентерохепатолог

Ваш совет?

Ги охрабрувам пациентите да направат колоноскопија и да ја спречат појавата на рак на дебело црево, особено задолжително од 50 тата година. Порано овој преглед се избегнуваше заради болката која ја осеќаа при самата процедура, но сега со достапноста на краткотрајната анестезија, прегледот е безболен и достапен за секој.

дипл. спец. Оливера Антиќ

Главен уредник на VipHeart.mk