Најчестите кожни промени за време на бременоста
Бременоста делува на промената на женското тело на повеќе начини. Покрај промената во тежината, најголем дел од визуелните промени се оние на вашата кожа, коса и нокти. Многу од овие промени може да предизвикаат вознемиреност бидејки делуваат на вашиот изглед. Најголем дел од промените се безопасни по здравјето на мајката и детето и истите изчезнуваат по породувањето.Кога ќе приметите промена на вашата кожа, коса и нокти ве молиме да го консултирате вашиот дерматолог. Овие се најчестите промени на вашата кожа, коса, нокти и начини на лекување.
Вашата кожа и бременоста
Промените на вашата кожа може да имаат многу причини. Некои од нив се поврзани со хормонски промени кои се појавуваат за време на бременоста. Другите кожни проблеми може да постоеле уште пред да останете бремена и да се променат за време на бременоста.
Кожни промени за време на бременоста:
- Појава на стрии
- Појава на папиломи
- Промена во растењето на косата
- Акни и себореја
- Проширени вени и капилари
- Појава на пигментни флеки
- Потенување на младежите
Појава на стрии
Што се стриите?
Стриите се линеарни промени кои се јавуваат на дојките, стомакот, на колковите. Тие почнуваат како црвени или пурпурни линии и со време, постануваат бели и атрофични (како хартија од цигари) лузни.Стриите се доста чести во бременост, од 50 до 90% од бремените жени ќе добијат неколку.
Дали стриите даваат симптоми?
Многу ретко може да дадат чуство на горење или чешање
Која е причината за појавата на стрии и кој се ги добива?
Точниот механизам е се уште непознат. Се претпоставува дека е причината од брзото покачување на телесната тежина и постепеното чешање на кожата, иако и ова не е докажано.Стриите се почесто се гледаат во повеќе членови од една фамилија. Генетските фактори играат улога во појавата на стрии, како и забележани се почесто кај млади жени, жени со прекумерна телесна тежина.
Кога за првпат се појавуваат стриите?
Најчесто се појавуваат во 25 недела во текот на бременоста , иако некои жени ги добиваат и порано.
Што се случува со стриите по породувањето?
Поголемиот дел од стриите избледнуваат по породувањето.
Дали стриите може да се третираат или превенираат?
Постојат многубројни креми, масла и лосиони за третман на стрии.

Појава на папиломи и фиброми
Овие промени се многу мали и вообичаено се појавуваат под пазувите и под дојките. Појавата на вакви промени се должи на дејството на хормоните на места кои се подложни на механичка иритација. Истите промени може да исчезнат по раѓањето. Доколку се уште постојат треба да се консултирате со вашиот дерматолог.
Промена во растот на косата
За време на бременоста растењето на влакната е забавено.Оваа причина доведува до истенчување на влакнато и проретчување на косата. Три месеци по породувањето циклусот на влакното се нормализира доведувајќи до поинтензивно проретчување на влакното. Ова се нарекува телоген ефлуфиум.Овој процес трае од 6 до 12 месеци но потоа веднаш се нормализира и е исто како пред бременоста Бремените жени може и да забележат растење на влакна на места типични за мажи во пределот на брадата. Оваа појава повторно се должи на промена на хормоните. И секако и оваа промена поминува неколку месеци по породувањето.
Појава на акни и себореја
Промената на хормоните за време на бременоста може да ги подобрат состојбата со акните. Но кај некои жени може и целата состојба да биде полоша. За време на бременоста крвната циркулација на кожата е зголемена и дава чуство на лице што свети или народно наречен труднички сјај.Зголемената продукција на хормоните ги стимулира жлездите да продуцираат себум.
Проширени вени и капилари
Промените во организмот за време на бременоста може да доведат до појава на оток на кожата околу зглобовите, може да почуствувате тежина во вашите нозе и исцрпеност. Во покасниот стадиум можна е појава на проширени вени на вашите нозе. Доколу во вашата поблиска фамилија има историја на проширени вени или појава на тромбофлебит или флеготромбоза потреба е да го консултирате вашиот доктор.За да ја подобрите вашата циркулација на нозете потребно е да ги подигнувате нозете повисоко. Чекорењето ја подобрува циркулацијата преку вашата мускулна пумпа додека седењето и стоењето прострум ја негативно влијае на состојбата. Еластичните хулахопки или чорапи треба да се носат доколку почуствувате дека вашите нозе запонуваат да отекуваат.
Појава на пигментни флеки и потемнување на младежите
Зголемувањето на пигментацијата е многу почесто кај потемни жени. Започнува со потемнување на брадавиците, на гениталиите и линеа алба (т.е линијата на стомакот). Кај некои жени и претходно постоечки лузни може да потемнат. На лицете може да се појават и потемни флеки кои се нарекуваат мелазми или хлоазми или народски познато како лице на бремена жена. Овие промени се влошуваат при сончање и може да се намалат со користење на заштитен фактор (СПФ 50) против УВА и УВБ. Вообичаено симптомите престануваат по породувањето или доколку не потребо е да се обратите кај дерматолог за нивно правилно третирање.

Специјалист дерматовенеролог

