Епикутани тестови
Што е епикутално тестирање?
Епикутаното тестирање се извршува за откривање на причинителот на дерматитот( екцемот) кои е можеби последица на контактот на кожата со алергенот кој предизивикува воспаление на кожата поради алергиска или иритирачка-контактна реакција.Иритирачката-контактната реакција предизвикува воспаление на кожата на местото на контактот со неа кај некои луѓе, во зависност од нејзината концентрација. Епикутаните тестови ја откриваат токму оваа алергија.
Како се работи епикутално тестирање?
Епикутаното тестирање всушност преставува апликација или ставање на најчестите супстанции кои предизвикуваат алергија (стандардна Европска серија на алергени) или пак посебни супстанции кои ги одредува Вашиот дерматолог врз основа на податоците кои ги добива од вас, во однос на вашето работно место, домашните работни задачи , хобито и одрдени навики. Алергените се поставуваат на грбот со помош на лепливи траки и се оставаат да стојат 48 часа по аликацијата.
По завршувањето на 48 часа ленитите сеодлепуваат па дерматологот ги чита резултатите по 24 часа и 48 часа. Во текот на самото тестирање местото каде што се залепени траките не смејат да се изложуваат на сончање или капење. Во колку постои алергиска реакција на местото на контактот со алергенот ке се појави црвенило, оток и чешање а некогаш и појаки реакции како ситни или мали меурчиња. Дерматологот врз основа на истото ќе изврши мерељње на одговорот на алергенот и потоа резултатите ќе ги спореди со Вашите симптоми а сетоа тоа ќе помогне во правилно дијагностицирање на причината на појавата на алергијата.
Зошто се работи епикутално тестирање?
Епикутаното тестирање може да ја открие причината за појавата на вашата промена на кожата која настанала.
Како да се припремите за тестирање?
Најбитно во откривање на причинителот е кои се податоци ќе ги дадете на вашиот лекар. Поради тоа вашиот лекар ке ве праша: Кога и како се појавил осипот? Дали е лечена промената со лекарства и со кои ?Дали порано сте имале некои проблеми со кожата? Дали во вашата фамилија има склоност кон одредени алергиски болести, поленска кијавица, астма или екцем? Кои производи ги користите во хигиената? Која е вашата професија и со кои производи доаѓате во контакт? и тн…
Што доколку тестот е позитивен?
Дерматологот ќе Ви ја дадеинформацијата која е супстанцијата која ја предизвикала реакцијата.
Дали постојат некои несакани реакции кои можат да се јават при епикутално тестирање?
Во однос на несаканите реакции кај некои луѓе местото на убод со одредени алергени може да биде многу изразена, со појава на голем оток, црвенило и чешање и доколку е потребно Вашиот дерматолог веднаш ќе Ви препише терапија.

Специјалист дерматовенеролог

