Со трајна шминка секогаш поубави и помлади

Со трајна шминка секогаш поубави и помлади

Трајната шминка помага да се вратат или корегираат контурите на очите и устата и да се добие идеален облик на веѓите според обликот на лицето и очите. Се работи со природни пигменти кои се привремени и постепено почнуваат да избледуваат после една година, а потполно избледуваат за 3- 5 години.

Со трајната шминка се добива ефект на подмладување и правилен изглед на лицето.Најбитно од се секогаш сте спремни и уредни во секоја прилика, многу природно и неприметно.

Со нагласување на контурите на очите, усните и веѓите добивате поизразен изглед, секогаш изгледате уредно. Добивате покрупни очи, повесел и поизразен поглед и визуелно се подигнува паднатиот крај на окото.

Трајната шминка на усни е корисна кај клиенти кои имаат бледи усни, оние кои имаат потреба за визуелно зголемување на усните, контурирање на истите, за прикривање на лузни или како замена за секојдневен makeup.

Веѓите се многу важен дел од изразот на лицето и тие мора да с еправилни.Секоја неправилнст дава погрешен израз на лицето. Веѓите можат да се задебелат, да се изедначат, или да се подигнат во сите природни бои почнувајќи од најсветли па се до најтемни, во зависност од вашата желба.

Со трајната шминка секогаш ќе изгледате совршено и помладо!

Сузана Блажевска

Козметолог - едукатор