Градежен институт Македонија АД Скопје ја реконструира браната Слатино
На 18.07.2019 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со евроамбасадорот Семјуел Жбогар, и постојаниот претставник на УНДП во Република Северна Македонија, Нарине Сахакјан, ја посетија браната Слатино.
Градежен Институт Македонија АД Скопје како изведувач ја реконструира Браната Слатино во рамките на Програмата на Европската Унија за санација на штетите од поплавите од 2015 година.

Во реконтрукцијата користевме нови технологии и иновативни идеи, како и нови материјали, што е многу важно при реализација на вакви инфраструктурни проекти. – истакна амбасадорката Сахакјан.

„Со реконструкцијата се постигна структурна стабилност на браната, отпорност на надојдени води, со што се намалува ризикот од поплавите. Од друга страна, санирањето на браната ќе овозможи навремена достапност на вода за наводнување на земјоделските површини. Вкупната вредност на проектот е над 1,1 милиони евра“, изјави министерот Димковски.

Евроамбасадорот Жбогар, истакна дека санирањето на браната Слатино е дел од кампањата „ЕУ за вас” чија цел е да се подигне свеста и да се информира јавноста за помошта на ЕУ на земјата.

