Cherry Orchard – Место со модерен и единствен концепт за организација на најдобрите настани и незаборавни свадбени моменти
Идеално место за вашата свадба, забави, коктел настани, родендени, корпоративни прослави, тим билдинзи се само дел од случувањата кои може да ги креирате во Cherry Orchard. Модерен концепт според светските трендови за организација на секаков тип на настани и прослави кои можат да бидат дел од ова маѓично место.


Во зелена градина на простор од 2000м2, со свадбен и ресторански дел, за дневни и вечерни случувања, ова место нуди уникатен дизајн со софистициран стил и креативност за секоја приказна која се создава.
Создадено за сите авантуристи, обожаватели на природата и концептот на отворено небо, Cherry Orchard нуди единствено искуство кое вреди да се доживее и остане запаметено за цел живот.
Изберете уникатна локација за прослава на вашите најубави моменти!






