Да создаваме здрава иднина за нашата земја и идните генерации
Прашање кое треба секој од нас да го одговори е која е мојата улога и одговорност во создавањето здрава иднина за нашата земја и идните генерации!?!
Најчесто користена дефиниција за одржливиот развој е: пресретнување на потребите на сегашната генерација без да се компромитираат идните генерации да ги исполнат своите потреби. Девизата на одржливиот развој е: Доволно- за сите- засекогаш.
Улогата и одговорноста на секој од нас, возрасен кој има право и одговорност да делува треба да биде во фокусот на секоја од стратегиите за одржлив развој. Ако уште еднаш се навратиме на дефиницијата претходно спомената, може само да си потврдиме дека грижата за одржлив развој е првенствено наша должност како родители!
Многу често во последно време се вложуваат средства и се развиваат програми за подигнување на свесноста и менување на однесувањето на младите генерации. Она што недостасува се исти вакви програми насочени кон нас возрасните, бидејќи се покажува дека многу побавно и потешко го менуваме нашето однесување и стекнатите вредности.
Овој феномен е препознаен во науката и се нарекува јаз помеѓу вредност и акција (value-action gap). Овој јаз е празнината што се јавува кога вредноста (индивидуалната и културната) или однесувањето на една личност не соодветства со неговите/нејзините делувања. Воопштено, тоа е разликата помеѓу она што луѓето го зборуваат и она што луѓето го прават!
Оваа фраза многу често се користи во областа на животната средина, во врска со ставовите и однесувањата во прашањата на животната средина. Најчесто ставовите влијаат врз однесувањето, но како и да е, спротивното најчесто се однесува на ставовите и вредностите во животната средина. Надминувањето на оваа празнина е од огромно значење за политиките на животната средина и тоа ќе придонесе за зголемување на ефектот на овие стратегии. Ова би требало да води до клучен спој помеѓу однесувањето кон употребата на природните ресурси од страна на луѓето, притоа обезбедувајќи одржлив развој и зачувување на животната средина.
Еден од актуелните проекти на оваа тема е европскиот проект TREASURE, организиран од меѓународен конзорциум со партнери од Н. Македонија, Словачка, Унгарија, Полска и Чешка и финансиран од International Visegrad Fund. Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика (ИЕГЕ) е носител на европскиот проектот TREASURE, кој има за цел да влијае врз создавањето на здрава иднина за нашата земја со одржлив начин на живот, зелени вештини и стратегии кои се одразуваат на економијата, општеството и животната средина. Еден од најважните приоритети на проектот е развивање на вештини за креирање одржливи практики, поттикнување на тимско работење и решавање на комплексни проблеми.
ИЕГЕ со своите партнери ќе одржи работилници на кој учесниците ќе развиваат и имплементираат активности поврзани со одржлив развој и градење на одржлив начин на живот. Акциите ќе се одвиваат во 3 града (Скопје, Тетово и Неготино), во кои ќе бидат вклучени професионалци од јавен, приватен и невладин сектор и млади луѓе од основни и средни училишта. Во моментов има отворен повик за учество во втората работилница за професионалци од државен, приватен и невладин сектор на тема Одржлив животниот стил и заштита на животна средина. За повеќе информации, посетете: iege.edu.mk
Дипл.Екк. Ана Томиќ – Project Manager

