Да возиме за жените – побрзо од ракот!

Да возиме за жените – побрзо од ракот!

Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија (МЗЦПК) при Македонското лекарско друштво, бeше домаќин на хуманитарната иницијатива „Ride4Women”, преку која докторите и научниците од Европското здружение за гинеколошка онкологија (ESGO – European Society of Gynecological Oncology) сакаат да го свртат вниманието кон превенцијата и раното откривање на ракот на грлото на матката.

Во рамките на оваа иницијатива, 22 доктори, на својата велосипедска тура во градовите од осум Европски држави (Атина, Скопје, Тирана, Подгорица, Сараево, Бања Лука, Загреб, Марибор и Грац) на пригодни јавни настани заедно со своите домаќини имаат за цел да ја подигнат свеста за превентивни мерки кои им стојат на располагање на жените во центрите за рак. Дел од оваа екипа е составена од млади лекари од различни земји од Европа беше и 6-месечно бебе, кое заедно со своите родители, трпеливо и невообичаено за мали деца, ја минуваше зацртаната рута.

И Скопје како цел и дел од рутата беше домаќин на 5-ти јуни 2019 година, на плоштадот Македонија, каде од 9-10:00 часот, учесниците по остварените средби на нашите лекари- гинеколози, се упататија од почетната точка на бул. „Партизански одреди“ и заедно со докторите- активисти ја извозеа велосипедската рута до излезот од Скопје, односно до Железниот мост во Сарај и продолжија по рутата накај Кичево, за да потоа стасат до следната одредница- Тирана, Албанија

Македонското лекарско друштво, заедно со министерството за здравство сесрдно ја подржаа оваа иницијатива и во навистина пријатно расположение разменија мислења и искуства за превенцијата и раното откривање на ракот на грлото на матката, како и за порастот на ова тешкo заболување во евопските земји.

Ракот на грло на матка може да се спречи преку грижа за сопственото здравје. Тоа што треба да го направиме е редовно да одиме на контролни прегледи со земање на цитолошки и/или ХПВ брисеви. Потребно е сите девојчиња на 12 и момчиња на 14 годишна возраст да се вакцинираат со ХПВ вакцина. Покриеноста со вакцинација е многу важна, бидејќи што поголем е бројот на вакцинирани, толку е поголема и заштитата на заедницата во која што живеат“, порача доц. д-р Горан Димитров, специјалист гинеколог-акушер и претседател на македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија(МЗЦПК) и претседател на Македонско лекарско друштво.

Ана Гапо – новинар

empty-author