Депресивно расположение

Депресивно расположение

Кога врне, многу сум депресивна“. „Денов некако ми е тмурен и депресивен “. „Нерасположен сум, безволен, уморен, немам сила, лошо спијам“. „Периодов некако сите се депресивни“.

Веројатно повеќе од луѓето се информирани и знаат што е депресија, но, не би било лошо да се потсетиме. Секој од нас некогаш се чувствувал депресивно во одреден период од животот, но, тоа не значи дека пател од депресија. Тоа е можеби најголемата заблуда околу ова, затоа што многу луѓе сепак ја мешаат депресијата со обичната краткотрајна тага, со депресивното расположение и слични работи.

Депресивното расположение е често животно искуство кое многу од луѓето го почувствувале при проблеми во брак, невозвратена љубов, проблеми со децата, на работа, добиена слаба оценка на училиште, неположен испит на факултет… Депресивното расположение е секогаш поврзано за субјективно забележан губиток или неуспех, при што се јавува депресивна епизода на личноста како одговор на стресоген настан. Горенаведените причини како дел од многуте други, во очите на личноста која за нив размислува, ги проценува во склад со својата животна филозофија; тој мал неуспех или губиток стануваат врвен доказ за лична безвредност или бесмисленост на сопствениот живот.

Тогаш зборуваме за реактивна депресија.

Што би можеле да направиме?
  • Потребно е да научите нов начин на размислување, нови ставови кон луѓето и животот

  • Престанете да се самообвинувате за сè и сешто

  • Престанете да се самосожалувате

  • Престанете да ги жалите другите

Катерина Галеска

Психолог, Советник по КБТ