Дермални филери (пополнувачи)

Дермални филери (пополнувачи)

Ако се прашувате како да ја вратите младоста на вашето лице и да ги отстраните вашите брчки или лицевите гримаси, дермалните филери се вашиот одговор.

Дермалните филери се нарекуваат ,, течен лифтинг за лицето,,бидејќи тие може да имаат и бенефит за разлика од хируршкиот лицев лифтинг.

Иако тие неможат многу да помогнат на подмладување на кожата , овие меко ткивни филери може дадат волумен и да дадат веднаш забележителен резултат со многу помал трошок за разлика од хируршкото лицево подмладување и ласерската рејувенација. Но овие третмани не се постојани . Потребно е да бидат повторувани и контролирани.

Одредени дермални филери се користат заедно во комбинација со други третмани за подмладување како што е инјектирање со ботулински токсин и ласерска рејувенација.

Дермалните филери може да бидат поделени во две категории: Времени и Полупостојани.

Масното ткиво на човекот познат како автологно масно ткиво се превзема од вашето тело и истото се обработува и подлежува на подолга процедура за разлика од другите инјекциони филери. Исто така сопственото масно ткиво не дава алергиска реакција или отфрлање од телото бидејќи се користи сопственото масно ткиво.

Колагенот е природна протеинска супстанца и главна компонента која се наоѓа во рскавицата, забите и коските. Дермалните филери кои содржат колаген се наоѓаат во следниве продукти: CosmoDerm, Cosmoplast, Zyderm, Zyplast

Хијалуронската киселина е исто така природна супстанца присутна во нашето тело. Голема концентрација се наоѓа во мекото сврзно ткиво, рскавицата и во течноста на зглобовите.Хијалуронската киселина се инјектира и во зглобовите на луѓето кои имаат артритис. Дермалните филери со хијалуронска киселина се: Captique, Esthelis, Elevess, Hylaform, Juvederm, Perlane, Prevelle, Puragen и Restylane.

Калциум хидроксилапатит најтешкиот од сите дермални филери, кој се наоѓа во човечките коски. Овој тип на дермални филери е наменет за длабоките брчки. Дермалните филери кои го имаат овој состав се под името: Radiesse, Radiance

Полилактична Киселина е синтетски материјал. Кога се инјектира во човечкото тело се стимулира сопствена продукција на колаген.Оваа супстанца не е многу користена за разлика од другите филери бидејќи не дава веднаш по третманот видлив резултат.Туку врши стимулација на продукција на колаген, па резултатите се појавуваат постепено за период од неколку месеци. Производите со ваков состав се под името: Sculptra, New-Fill.

Полупостојани дермални филери

ПММА (полиметилметакрилат) филери кои содржат 20% на тенки ПММА микросфери кои се растворени во 80 % пурифиран колагенски гел. Производите со ПММА се под името: Articol, Artefill, Metacrill.

Што се случува при апликација на дермалните филери.

Вашиот дерматолог ќе направи евалуација на Вашите желби и она што Вие би очекувале да добиете. Првата посета е и всушност и Вашиот прв преглед во кој докторот ќе изврши преглед на вашето лице и ќе ги посочи местата за апликација на дермалниот филер.

При втората посета докторот веќе ги има потребните податоци за вас и постапката започнува со правилно чистење на Вашето лице. По завршување на постапката на чистење ќе започне апликацијата на локален анаестетик доколку е потребно. Одредени производи покрај филерот имаат и анестетик.

Инјектирањето трае неколки минути или секунди во зависност од местата каде се аплицира.

По инјектирањето докторот ќе нанесе пакување од мраз со цел да го намали чуството на непријатност. По постапката може да нанесете шминка но да не притиската на местата на апликација Секојдневните активности може да ги извршувате веднаш по постапката, освен да не ги триете местата каде се аплицирал самиот филер. По инјектирањето може да се појави црвенило, оток кое ќе исчезне за неколку дена.

Филерите кои содржат синтетски материјал за да се избегне алергиска реакција, потребно е пред апликација да се спроведе алерголошко тестирање.

Многу важно е да разберете дека дермалните филери не се постојани. Дури и полупостојаните може да бараат повторна апликација.Ова зависи како вашето тело го апсорбира филерот, при што посетата кај докторот може да биде од 6 месеци до 1 година.

М-р др. Наташа Теовска - Митревска

Специјалист дерматовенеролог