Диета или вежбање
Секој ден се запрашувате ? Од кај да започнам ? Дали со диета или повеќе да вежбам ?
Ако вашата крајна цел е да ги намалите вишокот килограми, тоа ви изгледа многу далеку.
Според голем број експерти за намалување на телесната тежина, фокусирањето на вашата исхрана може да ви даде многу повеќе резултати.
“Диетата го надминува вежбањето ако сакате да изгубите килограми”, вели Хедер Мангери, RDN и портпарол на Академијата за исхрана и диететика. “Треба да ја промените вашата исхрана за да го промените составот на телото”.
Науката вели дека самата вежба не е доволна.
Истражувањата покажуваат дека само вежбањето нема да ви помогне да изгубите тежина, и спротивно на популарното мислење, тоа не е вистинската порака за светската епидемија на дебелина. Има некои истражувања, што укажуваат на тоа дека единствено користење вежбање како метод на губење на тежината, всушност, може да доведе до зголемување на телесната тежина.
“Многумина велат:” Ја правам целата оваа активност, но едноставно не можам да ја изгубам тежината “
Сепак се осврнуваме на математиката: калории надвор < калории внатре !!!

Луѓето имаат тенденција да преценат колку калории согориле за време на вежбањето . Од едноставна математичка перспектива, 30 минути џогирање може да согорува околу 295 калории, возење велосипед согорува околу 295 калории, а почетна јога може да околу 90 калории.
Оправдувања: Време и пари
Интересно е што многу луѓе се подготвени да потрошат многу време, пари и енергија на скапи фитнес сали а потоа велат дека се премногу зафатени за да готват. Дури и ако поминат 15 минути возење до и од салата секој ден, тоа е 30 минути што би можеле за тоа време да зготват здрава вечера.
Од каде да се почне ?
Направете лабораториски и метаболички иследувања за вашата здравствена состојба !
Поставете си цели како пиење чаша вода кога ќе разбудите, потоа протеини за доручек со многу зеленчук, одење на прошетка наместо јадење сладолед или чипс пред телевизорот.
Променете го вашиот животен стил !
Кога ќе го смените начинот на размислување и ментално да одлучите дека Вие сте здрава личност
Но, тоа никогаш не е само промена на животниот стил ! Негувајте ја здравата храна и пијте многу вода ! Вежбајте онолку колку можете да согорите и колку ќе се одржите во здрава кондиција !
Доколку не знаете од каде да започнете, разговарајте со вашиот лекар и нутриционист, диететичар !

Нутриционист,
М-р по Јавно Здравство

