Dip-powder техника на нокти – Kiara SKY
Летниот период кој што доаѓа е одличен период за совршени и долготрајни нокти. Dip powder-техниката е американски бренд KIARA SKY и за разлика од гелната техника која ја работевме досега нуди повеќе и подобро решение за вашите нокти.
KIARA SKY техниката во прав е новитет кој ги надмина сите техники досега. Како најнова и најефективна метода за изработка на нокти со долготраен ефект, оваа прав-техника овозможува флексибилност, oдносно помага во растењето на ноктите, кои инаку се тенки и кршливи, заштитувајќи ги и давајќи им природен изглед, цврстина и издржливост.
Она што е исклучително добро кај оваа метода, е тоа што не се чувствува притисок и тежина, а ноктот „дише“ и се многу лесни, додека кај стандардната гел техниката, притисокот и тежината се неизбежни. По отстранувањето, плочката на ноктот останува неоштетена бидејќи при постапката не се струга ноктот и не се нанесува прајмер, така што ноктите остануваат во одлична и зачувана состојба. Користењето на оваа метода прави дополнителен заштитен слој врз вашиот нокт, спречувајќи понатамошно оштетување и дозволува природниот нокт да израсне без кршливост. Покрај цврстината и издржливоста, како посебна предност на оваа методата може да се истакне и тоа што станува збор за сосема безбедна опција.

Овој прав не содржи мирис, формулиран e без хемикалии, содржи витамин Е и калциум кои помагаат при зацврстувањето на ноктите, без нивно оштетување. Освен тоа, не предизвикува алергии, нема печење, нема употреба на турпии на природен нокт, не се користи УВ или ЛЕД лампа, така што е погоден и за трудници. Посебно оваа техника е идеална за заштита на ноктот, за разлика од гелната техника која после долготрајна употреба ноктот станува мек и кршлив. Овде дури и меките и кршливи нокти зајакнуваат и се обновуваат, затоа што нема хемикалии. KIARA SKY располага со сите нијанси на модерни и класични бои а може да се прави и декорација.
Како заклучок, можам да кажам дека станува збор за брза, лесна и едноставна изработка, со која се добива беспрекорен и тренди изглед на ноктите.

Козметолог – едукатор

