Ѓумбир

Ѓумбир

Најновите истражувања ги потврдуваат придобивките од коренот на ѓумбирот и тоа само ¼ лажичка секој ден која може да ги намали воспалителните процеси во организмот како и Дијабетес Мелитус тип 2

Најновата студија, објавена во Меѓународниот весник за наука на храна и исхрана, се обиде да ги испита ефектите од консумирање на ѓумбир врз липидниот профил, гликемискиот статус и воспалителните маркери поврзани со дијабетес тип 2.  

Секој ден, една група добила 1600 мг ѓумбир, еквивалент на приближно ¼ од кафена лажичка. По 12-неделниот циклус, оние во групата ѓумбир доживеале значително намалување на следните маркери во споредба со контролната група:

  • Гликемија после јадење
  • Инсулин
  • Триглицериди и вкупен холесторол

Истражувачите заклучиле: Ѓумбирот ја подобри чувствителноста на инсулин и некои фракции на липидниот профил, како и намалениот CRP и гликемија кај пациенти со дијабетес тип 2”

Ставете Една четвртина лажичка ѓумбир во пијалак, месо, кари, салата и ќе ги видите придобивките .

Соња Пановска

Нутриционист, М-р по Јавно Здравство