GREEN PEEL – третман со импресивни резултати
Во овој период потребно е да се исчисти лицето од наталожениот мртов слој и да се обнови кожата. Тоа може да се направи на многу убав и софистициран начин без да се наруши бариерата на кожата, со производи од органско потекло. Ја препорачувам Др. Кристина Шрамек и третманите на Грин Пил.
Со повеќе од 60 години германска традиција, дерматолошки развиениот оригинален GREEN PEEL® пилинг од билки остварува огромен успех и им помага на десетици илјади клиенти во решавање на проблемите со кожата со импресивни резултати. Линијата derma.cosmetics е развиена според најновите технолошки стандарди во дерматологијата.
Медицински инспирираните делотворни ефекти и комбинации од природни и проверени состојки за секој производ, создаваат идеален и делотворен метод за ефикасни и брзи, веднаш видливи ефекти.
Третманите може да се класифицираат според типот на кожата, возраста и проблематиката. Поделени се во 2 групи. Третмани со ензим и третмани со билки. Третманите со ензим одговараат на нежна, чувствителна, кожа со црвенило и капилари, додека билките се појаки и одговараат на опуштена кожа, кожа со брчки, со лузни и флеки, прошиени пори. Третманот е многу брз и е 3 во 1. Најпрвин се прави абразија на кожата и се вади цел изумрен површински слој и веднаш се добива чиста и сјајна кожа.
Бидејќи ензимите и билките создаваат топлина на кожата, веќе првиот слој е изваден и кожата е припремена за екстракција – стискање без парење. После хигиенското чистење следува третиот дел од третманот, всушност биолошкиот третман каде што според проблематиката на кожата, се внесуваат преку 250 активни состојки и кожата веднаш добива нов и чист изглед.

GREEN PEEL® третманите се наменети за секаков тип на кожа и проблеми како што се:
- акни
- лузни
- пигментација
- проширени пори
- бори
- уморена кожа
- ослабен тонус на кожата
- розацеа
Помагаат и за затегнување на кожата како и за намалување на стрии и лузни. Dr.Schrammek е медицинска козметика која се бави со создавање и унапредување на најквалитетни козметички производи кои се во хармонија со природата. Состојките во овие производи не се подложни на никакви хемиски или синтетички препарати. Тие се совршено безбедни и немаат никакви негативни ефекти.

Козметолог – едукатор

