Јади здраво, контролирај ја тежината на твоите 30, 40, 50 години

Јади здраво, контролирај ја тежината на твоите 30, 40, 50 години

Губењето на телесната тежина со текот на годините е сè потешко. Физиолошките промени со возраст на 30-ти, 40-ти и 50-ти години, се менуваат.

Губење на мускулите

Почнувајќи од 30-те години, па во наредните 10 години, се губат околу 3 до 5 проценти од мускулна маса. Колку помалку мускули имате, толку помалку калории ќе потрошите.

Метаболизмот физиолошки се забавува и затоа Ви требаат помалку калории , додека вишокот калории се акумулираат како масти. Плус, ако сте направиле yo-yo ефект од било која диета, го забавувате вашиот метаболизам повеќе.

Хормонални промени

Хормоналните промени кои доведуваат до менопауза придонесуваат за зголемување на телесната тежина. Со губење на естрогенот, складирањето на масти е се поефикасно, особено на стомакот. Композицијата на телото е дефинитивно поинаква за жените и мажите. За мажите, тестостеронот, исто така, се намалува со зрелоста, а телесните масти исто се зголемуваат.

Губење на тежината во вашите 30-ти

“Вашите 30-тина години се прекрасно време”!

Во вашите 20-ти години, може да изедете пица и вино и брзо да ги согорите, но во 30-тите, потребно е малку подолго. Како што вашата мускулна маса и метаболизам се намалуваат, ја започнувате биткатаа со килограмите. Стресот, новото работно место, породувања, неспиења, придонесуваат за неправилниот и брзиот начин на исхрана . И затоа во 40 -те влегувате со плус 5- 10 килограми.

Губење на тежината во вашите 40-ти

“40-те години се превентивна деценија”.

“Време е да тргнеме на вистинскиот пат и да останеме таму”.

Јадете добро, останете активни и практикувајте здрави навики со вашето семејство. “

Губење на тежината во вашите 50-ти

“Овие години доаѓаат како шок за многу луѓе”,

Луѓето кои никогаш немале проблеми да ја изгубат или одржат својата тежина одеднаш, сметаат дека тоа е вистинска борба.

Можеби имате подобра животна рамнотежа во овој момент, но вашето тело се намалува на различна брзина и станува супер ефикасно при складирање на масти. Тоа не значи дека ќе се откажете, сега или некогаш!

Мора да го приспособите вашиот начин на размислување, да очекувате промени кои полека ќе дојдат .

Одржувајте ја вашата физичка активност и намалете ги калориите од 300 до 400 Ккал дневно

Основно правило е:  Јади добро и вежбај секој ден

Протеините имат важен удел за градба на мускулите и за управување со гладта . Се препорачува да се консумираат до 1,5 грама протеини на килограм телесна тежина, односно најмалку 20 до 25 грама протеини за време на појадокот.

Намалете го внесот на калории дури и ако сте активни, дури и ако јадете здрава храна.

“Биди во најдоброто физичко и ментално здравје сега, денес, утре, за да можеш лесно да се придвижиш во следната деценија од твојот живот”.

Најважно, одржувањето на здравата тежина ви помага да избегнете многу болести, да можете да уживате во долг и среќен живот секако заедно со вашите поколенија.

Соња Пановска

Нутриционист, М-р по Јавно Здравство