Компанија со високи вредности. „Ние сме семејство засекогаш“ – 44 години Градежен Институт Македонија

Компанија со високи вредности. „Ние сме семејство засекогаш“ – 44 години Градежен Институт Македонија

Градежен Институт Македонија повторно на традиционалниот корпоративен пикник под мотото „НИЕ СМЕ СЕМЕЈСТВО ЗАСЕКОГАШ“

Да се биде дел од едно семејство и да се биде семејство засекогаш, подразбира да се негуваат почитта, разбирањето, подршката, културата, блискоста и искреноста, грижа за компанијата, колегијалноста, како најзначајни вредности кои движат по патот кон остварување на заедничка цел.

Градежниот институт Македонија го има најдобриот тим на вработени кои се клучниот фактор за растот на нашата компанија и пример за идните генерации , кои несебично и секојдневно придонесуваат во развојот и заеднички се вклучени во градењето на една успешна приказна, со многу нови достигнувања и проекти. Продолжуваме со традицијата на заедничко дружење со Вас вработените, вашите семејства , заеднички да го прославиме овој и секој следен роденден на нашата компанија, за кој се надеваме дека од година во година ќе биде збогатен со нови вработени, кои се дел од вашите семејства, а ќе бидат дел и од тимот на Градежниот Институт Македонија, бидејќи Ние сме семејство засекогаш“ – истакна генералниот директор на ГИМ, Михо Јаневски.

дипл. спец. Оливера Антиќ

Главен уредник на VipHeart.mk