Низ призмата на виртуозот под кошевите – Јелена Антиќ
Која е Вашата претстава за совршена среќа?
Будење со звукот на брановите од морето, доручек на тераса со саканата личност…Утакмица во попладневните часови каде што ја освојувам Евролигашката титула, и прослава со најблиските 🙂
Кој е Вашиот најголем страв?
Смртта
Со која историска фигура би се поистоветиле?
Мајка Тереза
На кого најмногу му се воодушевувате?
На луѓето што никогаш не се откажуваат од своите соништа

Која Ваша карактерна особина не ја поднесувате кај себе?
Тоа што се правам во последен момент.
Која е Вашата најголема екстраваганција?
Често уживам да поминувам време сама со себе. Прошетката, шопингот, возењето велосипед, ручекот итн. со Јелена се доста забавни 🙂
Кое е Вашето омилено патување?
Не би можела да издвојам, ги има многу….. Битно да е авантуристички-романтично (ха,ха..)
Во кои прилики лажете?
Кога се плашам да не повредам некого
Која карактерна особина кај човекот сметате дека е најпреценета?
Добрината и искреноста

Кои зборови и реченици најчесто ги користите?
Немам појма и опуштено хаха
Што не Ви се допаѓа во Вашиот физички изглед?
За сега немам замерки, кога ке остарам ке видиме хаха. Сепак несовршеноста е тоа што не прави посебни.
За што најмногу сте се покајале во животот?
За ништо. Секое искуство е лекција за понатака.
Кој-а е љубовта на Вашиот живот?
Внук ми Иван

Кога и каде сте биле најсреќни?
Колку што можам да се сетам, тоа беше кога добив стипендија за во средно школо во Америка пред 13 години
Кој талент би сакале да го поседувате?
Да свирам гитара
Како се чувствувате моментално?
Уморно и досадно мислејки на себе додека ги одговарам овие прашања 🙂
Што сметате за Ваш најголем успех?
Тоа што луѓето ме сметаат за добар човек и добар пријател

Ако после смртта би се вратиле на овој свет, што би биле?
Златна рипка
Која е најголемата драгоценост која ја поседувате?
Пријателите низ целиот свет
Што претставува разочарувањето?
Се очекувам, затоа ништо не може да ме разочара.
Со која професија(освен оваа) би сакале да се бавите?
Менаџерство
Кој е вашиот идол (пример) во животот?
Моите родители, и одредени пријатели од кои што црпам мотивација за поквалитетен и посрекен живот.

Кој е Вашиот омилен сликар, а кој писател?
Омилен сликар неможам да издвојам, меѓутоа делата на модерното сликарство кои спаѓаат во современата уметност е тоа што најмногу ме интересира.. Вилијам Пол Јанг и Робин Шарма се моите омилени писатели.
Кој е Вашиот фиктивен јунак?
Супермен
Каде би сакале да живеете?
Во земја каде што нештата кои ги сакам би се оствариле
Што најмногу мразите?
Човечката злоба
Која човечка особина ве иритира?
Постојаното жалење(кукање)

Кое е Вашето Мото?
И сее да имам, а љубов немам, ништо сум.
На секого животот му дава колку што може да поднесе.
Кои квалитети ги вреднувате кај мажите?
Шармот и способноста да ги согледуваат работите со отворен ум.
Кои квалитети ги вреднувате кај жените?
Самосталноста и самодовербата
Што е за вас вистински пријател?
Личноста на која и верувам, со која делиме исти вредности, и на која можам да се потпрам во секое време е мојот најдобар пријател.

Главен уредник на VipHeart.mk

