Професионална шминка

Професионална шминка

Шминкањето е декоративен третман за лице при кој професионален шминкер го разубавува Вашето лице низ неколку чекори, користејќи различни декоративни средства и производи прилагодени на типот на вашата кожа, користејќи прибор за шминкање. Професионалната шминка ќе помогне вашето лице да изгледа помладо, попривлечно и посвежо. Важно е, со шминкање кај професионален шминкер, добивате загарантирана постојана шминка која успешно ќе се одржи во текот на целиот ден и ноќ, а воедно ќе изгледате беспрекорно во секој момент. Шминкерот треба да ги прикрие сите недостатоци на лицето и да ги истакне убавините. Шминкање е како мало уметничко дело.Најважно од се е одржувањена хигиената на четките за шминкање и шминките. Се што се употребува треба да биде претходно стерилизирано и чисто, бидејќи во спротивно лесно се пренесуваат инфекции. Внимавајте каде ќе го доверите Вашето лице.

Со цел да се постигне совршен резултат, се препорачува да се обрне внимание на неколку едноставни правила. Тие не се менуваат и се погодни за апсолутно сите:

  • шминката секогаш треба да се комбинира со облека и додатоци;
  • неопходно е да се провери козметиката пред да се примени за да се избегне алергиска реакција;
  • треба да се користат само докажани брендови;
  • се нанесува темел или основа со тенок слој за да се направи колку што е поприродна шминката;
  • да се сокријат можни дефекти во лицето и вратот;
  • да се посвети посебно внимание на дизајнот на веѓите;
  • палетата на бои треба да одговара на бојата на очите;
  • важно е да се земат в предвид староста и статусот.

Сузана Блажевска

Козметолог - едукатор