Внимание за важните пораки кои ни ги испраќаат нашите млади и успешни спортисти – Александра Симева

Внимание за важните пораки кои ни ги испраќаат нашите млади и успешни спортисти  –  Александра Симева

Александра Симева е млада тенисерка со освоени сјајни резултати, која во своите витрини има бројни спортски титули и признанија.

Како дел од нејзината досегашна кариера би ги истакнале……..Развојните турнири во Анталија ги освои во 2018 година. До 14 год. за 2018 заврши на 11-тото место на Tenniseurope ранг листата. Сега е рангирана на Tenniseurope U16 и ITF U18. Во 2019 год. игра ITF U18 и досега има одиграно 2 полуфиналиња во индивидуална конкуренција и 1 финале во парови.

Како изгледа детството на талентиран спортист?

Детството на еден спортист овозможува многу патувања низ светот, запознавања на различни култури и јазици, исто така е полно со активности и нема толку време за шетање или пак дружење.

Finalist, Tennispark, TE U16, 2018

Dr Oetker Junior Trophy U14 Finalist, 2018.

Сонот бара лесно да спиеш, а целта и успехот да се потрудиш. Дали е тежок патот до успехот и мислиш ли дека полека го остваруваш твојот сон?

Патот до успехот не е лесен. Бара многу работа, труд, трпение, верба и концентрација на она што го посакуваш. Кон патот до успехот има и многу пречки, потешкотии кои треба да се издржат и поминат со работа и цврст карактер, а кога тоа ке се помине успехот е неизбежен. Јас мислам дека го имам започнато да го живеам мојот сон и одам кон негово остварување.

Кои се луѓето кои те разбираат, подржуваат и го челичат твојот карактер?

Најмногу ме разбираат родителите, иако секогаш тоа не го мислиме. Но тие се луѓето кои најмногу ме подржуваат, потикнуваат и помагаат.

Наоѓаш ли време, и што е она што на Александра и го прави животот убав освен спортот?

Јас мислам дека без спортот не би бил животот убав за мене, затоа и тренирам тенис бидејќи го исполнува моето време. Освен тенисот времето го поминувам и во учење. Времето е убаво поминато кога сум со семејството, а најмногу кога сум на тениските терени.

Дали тенисот бара само талент или енергија, желба, напорен тренинг и упорност?

Талентот е значаен но, само со талент нема резултати. Секој спорт бара напорни тренинзи и тоа 2-3 пати дневно. Покрај тренинзите неопходен е и спортски начин на живот – соодветна здрава исхрана и соодветен одмор.

Dr Oetker Junior Trophy U14 Finalist, 2018.

Моменталната позиција на тенисот во Македонија?

Тенисот е многу скап спорт и државата треба многу повеќе да вложува бидејќи сите средства ги плаќаат родителите (опрема, облека, превоз, сместување, котизации, турнири и тренинзи). Тенисот отсекогаш не бил на високо ниво, па и така е и денес. Колку се вложува во спортот толку и се добива.

Како млад спортист што би им препорачала на твоите врсници и својата татковина?

Спортот отсекогаш бил најголем промотор и амбасадор на државата. Најдобар пример е освојувањето на европската титула на РК Вардар. Нивниот успех се должи на големите вложувања, напорните тренинзи, труд и љубов кон спортот.

На моите врсници и на помалите од мене им препорачувам да спортуваат бидејќи спортот пред се создава здрави навики, го одржува и подобрува здравјето како и ги зацврстува моралните особини.

Finale TE U16 Cat.1 Spain

Champion, Dubrovnik DUD BOWL 2017, Aleksandra&Goran Ivanisevic

Practice, IMG Academy, Florida, 2017.

Dr Oetker Junior Trophy U14 Finalist, 2018.

дипл. спец. Оливера Антиќ

Главен уредник на VipHeart.mk

Поврзана содржина