Дали дебело дете значи и здраво детe? – Прим. др. Оливер Зафировски
Дебелината (не зборуваме од естетски причини) не е занемарлива категорија во денешно време. Освен, ако не е здравствено условена, се знае од каде доаѓа – од нездравата и неумерена исхрана.
1. Сметате ли дека има се поголем број на дечиња кои свесно или несвесно родителите со неконтролирана исхрана…(нормално ако не е некое здравствено нарушување) им го загрозуваат здравјето?
Да, со неконтролираната исхрана, последните години се повеќе доведува до зголемување на телесната тежина, дури и на децата во пред школската возраст, затоа е потребно уште во првите денови од животот да се води сметка како за квантитетот така и на квалитетот на месената храна.
2. Со помош на калкулаторот за пресметка на “Индекс на телесна маса за деца” можеме да дознаеме дали тежината на нашето дете, споредена со висината спаѓа во границите на нормалата или пак кај детето постои дебелина или неухранетост. Статистички гледано околу 60% од децата со BMI поголем од 94 перцентили имаат барем еден ризичен фактор за кардиоваскулуарни заболувања, а 20% имаат барем 2 или повеќе фактори на ризик. Светската здравствена организација алармира, посебно поради големиот пораст во однос на претходните години. Колку сме свесни за сериозните последици од дебелината?
Иако последните години се водат се поголем број кампањи за здрава исхрана и кај децата и кога имаме и евидентни докази дека детето има зголемена телесна тежина, педијатарот има задача да укаже на ризик факторите кои што понатака во животот ќе се јават како кардиоваскуларните така и диабетот што е евидентирано и од СЗО дека спаѓаат во ризичната група за појава на овие болести.

3. Дали дебелината на мајките во бременоста е ризична за бебето и дали бебињата најдобро напредуваат кога мајките имаат нормална телесна тежина пред и за време на бременоста?
Дебелината претставува ризик фактор за поголем број на болести кај бремената жена. Во последните години има се поголем број на научни студии кои укажуваат дека телесна тежина кај бремената жена треба да се контролира како пред така и во текот на бременоста.
4. Мајчиното млеко содржи идеална комбинација на вода, масти, јаглехидрати и протеини и затоа е идеална храна за доенчињата. Дали доенче кое се храни исклучиво со мајчино млеко е заштитено од инфекции и одредени заболувања, за разлика од доенчињата кои се хранат со шише со адаптирани млечни формули?
Мајчиното млеко претставува идеална комбинација од нутритивни материи за нормален раст и развој на бебето. Бебето кое е на мајчин подој има намален ризик од појава на вирусни инфекции.

5. Дали е точен податокот дека колку порано се почне на решавање на проблемот на дебелото дете, ќе се намали можноста да детето заболи од хронични болести – шеќерна болест, атеросклероза, инфаркт?
Уште кога ќе се појават и првите знаци за обезитас треба да се започне со сериозна контрола за исхрана на детето. Незапочнување на следење на зголемената телесна тежна во раниот развој на детето секако дека претставува голем ризик факор за развој на хронични болести.
6. Склони сме некогаш за својата или за дебелината на детето да ја обвиниме генетиката?
Генетските фактори претставуваат една предиспозиција за развој на дебелината, но нашиот начин на живот исхрана и физичка активност евидентно може да допринесе за нашиот нормален раст и развој.

7. Колку е нормален напредок во килажата кај бебињата на месечно ниво?
Напредокот на бебињата на месечно ниво минимум е 500 грама,а највеке би требало да биде до 700 до 800 грама, но има исклучоци кога бебињата во првите месеци од животот може да добиваат и по 1 килограм на месец.
8. Дали првата година од животот на детето е идеално време за усвојување здрави навики во исхраната?
Првите години од животот го трасираат патот за нормален раст и развој на децата.

9. Како педијатар со долгогодишно искуство, Вашиот совет до родителите за здраво и среќно дете?
Да се придржуваме на строгите критериуми за нормален раст и развој на децата уште од првата година на нивниот живот.


Главен уредник на VipHeart.mk

